Makita CL002G Instruction Manual page 60

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for CL002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Вреќа за прав и хартиен филтер
Монтирајте вреќа за прав или хартиен филтер пред
да започнете со употреба на правосмукалката.
Користете го запирачот на прав кога имате
монтирано вреќа за прав или хартиен филтер.
Вреќата за прав може да се користи повеќекратно
притоа чистејќи ја.
Хартиениот филтер служи за една употреба и се
фрла во отпад по употребата. Кога ќе се наполни,
фрлете го во отпад целиот хартиен филтер без да го
празните.
ЗАБЕЛЕШКА:
За да спречите влегување прав
во моторот:
Пред употребата, проверете дали
се монтирани вреќата за прав или
хартиениот филтер.
Вметнете го запирачот на прав заедно со
вреќата за прав или хартиениот филтер
до крај во отворите кога ги монтирате.
Не користете оштетена или скината вреќа.
Во спротивно, моторот може да се оштети.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не виткајте го картонот
на отворот на хартиениот филтер кога го
монтирате.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го
запирачот на прав бидејќи тој треба да се
користи секогаш кога се користи вреќата за
прав или хартиениот филтер.
ЗАБЕЛЕШКА:
Хартиениот филтер за
правосмукалката е важна компонента за
одржување на перформансите на алатот.
Употребата на хартиен филтер што е поинаков
од оригиналниот може да предизвика чадење
или палење.
НАПОМЕНА: Кога вреќата за прав или хартиениот
филтер не се инсталирани во правосмукалката,
предниот капак не се затвора целосно.
► Сл.6
Монтирање на вреќата за прав
Користете го запирачот на прав кога ја монтирате
вреќата за прав. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна, бидејќи се разликуваат
меѓу себе.
► Сл.7: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
1.
Вметнете го испакнатиот дел од вреќата за
прав во долниот жлеб на запирачот на прав како што
е покажано на сликата.
► Сл.8: 1. Запирач на прав 2. Долен жлеб 3. Вреќа
за прав
Не постои разлика помеѓу горната и долната
страна на вреќата за прав. Може да го вметнете
испакнатиот дел од која било страна во долниот
жлеб на запирачот на прав.
► Сл.9: 1. Долен жлеб
2.
Преклопете ја рамката на запирачот на прав со
таа на вреќата за прав.
► Сл.10
3.
Поставете ги запирачот на прав и вреќата за
прав заедно во празнината на правосмукалката
во иста насока на стрелката на запирачот на прав.
Вметнете ги до крај во отворите во празнината на
правосмукалката.
► Сл.11
4.
Распределете го делот од платното на вреќата
за прав внатре во правосмукалката.
► Сл.12
5.
Целосно затворете го предниот капак.
► Сл.13: 1. Преден капак
Монтирање на хартиениот филтер
Користете го запирачот на прав и кога го монтирате
хартиениот филтер. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна, бидејќи се разликуваат
меѓу себе.
► Сл.14: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
1.
Одвиткајте го влезот на хартиениот филтер
пред да го поставите на запирачот на прав.
► Сл.15
2.
Вметнете го испакнатиот дел од хартиениот
филтер во долниот жлеб на запирачот на прав како
што е покажано на сликата.
► Сл.16: 1. Запирач на прав 2. Долен жлеб
3. Хартиен филтер
Не постои разлика помеѓу горната и долната
страна на хартиениот филтер. Може да го вметнете
испакнатиот дел од која било страна во долниот
жлеб на запирачот на прав.
► Сл.17: 1. Долен жлеб
3.
Преклопете ја рамката на запирачот на прав со
онаа на хартиениот филтер.
► Сл.18
4.
Поставете ги запирачот на прав и хартиениот
филтер заедно во празнината на правосмукалката
во иста насока како стрелката на запирачот на прав.
Вметнете ги до крај во отворите во празнината на
правосмукалката.
► Сл.19
5.
Распределете го делот од склопот на
хартиениот филтер внатре во правосмукалката.
► Сл.20
6.
Целосно затворете го предниот капак.
► Сл.21: 1. Преден капак
60 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cl002ga102Cl002gd201Cl002gz01

Table of Contents