Полнење Гориво И Масло За Синџирот - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важна забелешка за биолошки-
разградливите масла за синџир
Ако не планирате да ја користите пилата подолго
време, испразнете го резервоарот за масло и сипете
мало количество обично моторно масло (SAE 30), а
потоа вклучете ја да поработи извесно време. Тоа
е неопходно заради исфрлање на преостанатото
биолошки‑разградливо масло од резервоарот, од
системот за напојување со масло, од синџирот и
лентата за водење, бидејќи многу од биолошки‑
разградливите масла со текот на времето оставаат
талог кој може да предизвика оштетување на пумпата
за масло или на други делови.
Кога следниот пат ќе ја користите пилата, наполнете го
повтроно резервоарот со BIOTOP масло за синџир. Во
случај на оштетување предизвикано од употребата на
отпадно масло или на несоодветно масло за синџир,
гаранцијата на производот ќе биде ништовна и нема да
важи.
Вашиот продавач ќе ве извести за употребата на
маслото за синџирот.
6-8. Полнење гориво и масло за синџирот
ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ МЕРКИ НА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ!
Бидете внимателни и претпазливи кога ракувате со
горива.
Моторот мора да биде исклучен!
Целосно исчистете ја областа околу капачињата за да
спречите навлегување на прав во резервоарите за масло
или бензин.
(Сл. 51)
Одвртете го капачето на резервоарот (ако е потребно,
употребете го универзалниот клуч, видете ја сликата) и
наполнете го резервоарот со мешавина на гориво или
со масло за синџир на пила до долниот раб на грлото
за полнење. Внимавајте да не го истурите горивото или
маслото за синџир!
Масло за синџир
Мешавина гориво/масло
waste oil
НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ ОТПАДНО МАСЛО
Отпадното масло е многу штетно за животната средина.
Отпадното масло содржи високо ниво канцерогени
супстанции.
Остатоците во отпадното масло во голем степен го
забрзуваат абењето на пумпата за масло и на пилата.
Во случај на оштетување предизвикано од употребата
на отпадно масло или на несоодветно масло за синџир,
гаранцијата на производот ќе биде ништовна и нема да
важи.
Вашиот продавач ќе ве извести за употребата на маслото
за синџирот.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДОПИР СО ОЧИТЕ И КОЖАТА
Производите од минерални масла ја сушат вашата кожа.
Ако вашата кожа дојде во допир со овие супстанции
повеќе пати и подолг временски период, ќе се исуши.
Може да дојде до бројни заболувања на кожата. Исто
така, познато е дека можат да настанат и алергиски
реакции.
Може да дојде до иритација на очите заради допир со
масло. Ако масло ви навлезе во очите, веднаш измијте ги
со чиста вода.
Ако очите сè уште ви се надразнети, веднаш побарајте
помош од лекар!
Стегнете го капачето на резервоарот со рака до крај.
Исчистете го капачето на резервоарот и областа
околу резервоарот по полнењето гориво.
Подмачкување на синџирот
За време на работата, секогаш мора да има доволна
количина масло за синџир во резервоарот за ‑масло
за синџир за да се обезбеди добро подмачкување
на синџирот. При средна стапка на проток на масло,
резервоарот за масло содржи доволно масло за работа за
која е потребен еден полн резервоар за гориво. За време
на оваа постапка, проверете дали има доволно масло
за синџир во резервоарот и ако треба, дополнете. Ова
правете го само додека моторот е исклучен!
Стегнете го капачето на резервоарот со рака до крај.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не дозволите капачето на резервоарот да
го допре издувникот. Загреаниот издувник може да го
деформира.
131

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents