Сервис, Резервни Делови И Гаранција - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8. Сервис, резервни делови и гаранција
Одржување и поправки
Одржувањето и поправките на модерните мотори, како
и сите безбедносни уреди, треба да се извршуваат
од страна на стручно, обучено лице во специјална
работилница опремена со специјални алати и уреди за
тестирање.
MAKITA затоа препорачува сите работи што не се
опишани во ова упатство за употреба да се извршуваат
само од страна на сервисен центар на MAKITA.
Сервисните центри на MAKITA ја имаат сета потребна
опрема, и способен и искусен персонал, кој може да
најде најефикасни решенија и да ве посоветува за
сите прашања. За да го пронајдете вашиот локален
дистрибутер, посетете ја веб‑страницата www.makita‑
outdoor.com
Обидите за поправка од страна на трети лица или од
неовластенни лица ги понишуваат гарантните барања.
Резервни делови
Сигурната и долготрајна работа, како и безбедноста
на вашата синџирна пила, во голем степен зависи од
квалитетот на резервните делови што се користат.
Користете само оригинални делови MAKITA.
Само оригиналните делови и прибор гарантираат
највисок можен квалитет на материјалот, димензиите,
функцијата и безбедноста.
Оригинални резервни делови и прибор можете да купите
од вашиот локален застапник. Таму располагаат со
потребните списоци на резервни делови и со каталошки
броеви, и во тек се со сите новини и подобрувања во
понудата на резервни делови.
Имајте предвид дека ако се користат резервни делови
што не се од MAKITA, тоа автоматски ќе ја направи
неважечка гаранцијата на MAKITA за производот.
Гаранција
MAKITA гарантира највисок квалитет, и затоа ќе ви
ги надомести сите трошоци за поправка со замена на
оштетени делови што настанала од грешки во материјалот
или во производството во рамки на гарантниот период
по купопродажбата. Имајте на ум дека во некои држави
може да постојат конкретни услови на гаранцијата. Ако
имате какви било прашања, обратете се кај вашиот
продавач кој е одговорен за гаранцијата на производот.
Ве молиме имајте предвид дека не прифаќаме никаква
одговорност за штети предизвикани од:
• Занемарување на упатството за користење.
• Неизвршување на потребното одржување и чистење.
• Погрешно прилагодување на карбураторот.
• Нормално абење.
• Очигледно преоптоварување заради постојано
надминување на горните граници за изведба.
• Користење ленти за водење и синџири што не се
одобрени.
• Користење ленти за водење и синџири со должина што
не е одобрена.
• Употреба на сила, неправилно користење, злоупотреба
или незгоди.
• Оштетување од прегревање заради нечистотии на
куќиштето на вентилаторот.
• Изведување работи на синџирната пила од страна на
нестручни лица или несоодветни поправки.
• Употреба на неподобни резервни делови или
неоригинални делови што не се од MAKITA, ако тие ја
предизвикале штетата.
• Користење несоодветно или старо масло.
• Штета поврзана со услови кои настанале врз основа на
договори за користење или изнајмување.
• Штети настанати заради занемарување на лабавите
врски.
Работите за чистење, сервисирање и прилагодување
не се покриени со гаранцијата. Сите поправки што се
покриени со гаранцијата мора да се извршуваат од страна
на сервисен центар на MAKITA.
139

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents