Makita DDA460 Instruction Manual page 45

Cordless angle drill
Hide thumbs Also See for DDA460:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да ставите алатот во мирување, притискајте го
копчето за главно напојување додека ламбичката
за главно напојување не светне. За исклучување,
повторно притиснете го копчето за главно
напојување.
► Сл.3: 1. Главно копче за напојување
НАПОМЕНА: Овој алат има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи кога
прекинувачот за стартување не се повлекува
определено време по вклучување на прекинувачот
за главно напојување.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
► Сл.4: 1. Прекинувач
За вклучување на алатот, повлечете го прекинувачот
за стартување со вклучено главно напојување.
Брзината на алатот се зголемува со зголемување
на притисокот врз прекинувачот за стартување.
Отпуштете го прекинувачот за стартување за да
сопре.
НАПОМЕНА: Алатот автоматски запира ако го
држите прекинувачот повлечен околу 6 минути.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
► Сл.5: 1. Ламба
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА: Кога алатот е прегреан, тој
автоматски ќе запре и ламбичката ќе почне да
трепка. Во овој случај, отпуштете го прекинувачот
за стартување. Ламбичката ќе се исклучи за 5
минути.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Секогаш
45 МАКЕДОНСКИ
Прекинувач за обратна акција
► Сл.6: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е
во неутрална положба, рачката на прекинувачот за
вклучување не може да се повлече.
Функција за автоматско менување
на брзината
Овој алат има „режим со голема брзина" и „режим со
голем вртежен момент".
Алатот автоматски го менува работниот режим
во зависност од работното оптоварување. Кога
работното оптоварување е ниско, алатот ќе работи
во „режим со голема брзина" за побрза работа. Кога
работното оптоварување е високо, алатот ќе работи
во „режим со голем вртежен момент" за моќна
работа.
► Сл.7: 1. Индикатор за режим
Индикаторот за режим светнува зелено кога алатот
е во режим на „голем вртежен момент".
Доколку алатот работи со прекумерно
оптоварување, индикаторот за режим ќе трепка
зелено. Индикаторот за режим ќе престане да
трепка, а потоа ќе светне или ќе се исклучи, доколку
го намалите оптоварувањето на алатот.
Статус на индикатор за режим
Вклучено
Исклучено
Работен
режим
Трепка
Режим со
голема брзина
Режим на
голем вртежен
момент
Предупредување
за
преоптоварување

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dda460pt2Dda460zk

Table of Contents