Makita DCU180 Instruction Manual page 71

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ја
машината пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се да го блокирате
капакот на батеријата пред употребата. Во
спротивно, калта, нечистотиите или водата може
да предизвикаат оштетување на производот или
на батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно,
може ненадејно да испадне од машината,
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
ВНИМАНИЕ:
Не користите ја касетата
за батерија за висока температура. Кога се
користи касета за батерија за висока температура,
машината автоматски запира пред да се емитува
краток звучен сигнал и може да предизвика
повреда.
Монтирање на касетата за
батеријата
Ротирајте го лостот за блокирање и потоа
1.
отворете го капакот од кутијата за батерии.
► Сл.22: 1. Лост за блокирање 2. Капак
Порамнете ги јазичето од касетата за батерија
2.
со отворот на кутијата за батерии, па турнете ја
касетата додека не се блокира во место при што
ќе се слушне мало кликнување. Ако можете да го
видите црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека касетата за батерија не е
целосно блокирана во место.
► Сл.23: 1. Касета за батерија
Вметнете го клучот за блокирање во местото
3.
покажано на сликата и турнете го до крај.
► Сл.24: 1. Клуч за блокирање
НАПОМЕНА: Доколку клучот за блокирање не е
вметнат целосно, машината нема да работи.
Затворете го капакот од кутијата за батерии и
4.
потоа ротирајте го лостот за блокирање.
► Сл.25: 1. Лост за блокирање 2. Капак
Отстранување на касетата за
батеријата
Ротирајте го лостот за блокирање и потоа
1.
отворете го капакот од кутијата за батерии.
Повлечете ја касетата за батеријата од кутијата
2.
за батерии додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
► Сл.26: 1. Копче
Извлечете го клучот за блокирање.
3.
Затворете го капакот од кутијата за батерии и
4.
потоа ротирајте го лостот за блокирање.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски го
прекинува напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на машината и на батеријата.
Машината автоматски ќе запре за време на
работењето ако таа или касетата за батеријата се
најдат под еден од следниве услови. Се емитува
краток звучен сигнал пред машината автоматски да
запре. Индикаторите за батерија и LED-индикаторите
трепкаат додека се емитува звучниот сигнал.
Заштита од преоптоварување
Кога со машината се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, таа автоматски се запира без никаква
индикација. Во оваа ситуација, исклучете
ја машината и отстранете ја причината на
преоптоварувањето, а потоа вклучете ја машината
за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината е прегреана, таа автоматски запира.
Оставете ја машината да се олади пред повторно да ја
вклучите. Веројатно е дека заштитата од прегревање
ќе работи во средина со висока температура.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско
ниво, машината автоматски запира. Ако машината
не работи дури ни кога ќе се вклучат или исклучат
прекинувачите, извадете ја касетата за батерија и
наполнете ја.
Промена на касетата за батеријата
► Сл.27: 1. Прекинувач за избор на батеријата
Најмногу две касети за батерија може да се
монтираат во кутијата за батерии, иако машината
користи една касета за батерија за работа. Пред
да работите со машината, изберете ја касетата за
батерија која се користи за работа притискајќи го
копчето на прекинувачот за избор на батерија.
ЗАБЕЛЕШКА:
батерија е монтирана во кутијата за батерии,
осигурете се дека сте ја избрале кутијата за
батерии во која е монтирана касетата за батерија.
71 МАКЕДОНСКИ
Доколку само една касета за

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents