Makita DUC101 Instruction Manual page 68

Cordless pruning saw
Hide thumbs Also See for DUC101:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
14. Причини за повратниот удар и мерки на
претпазливост што може да ги преземе
операторот:
До повратен удар може да дојде кога
насочувачката шипка ќе допре објект или кога
дрвото ќе се затвори и ќе се заглави синџирот
на моторот во пресекот.
Во некои случаи, контактот со врвот може
да предизвика ненадејна обратна реакција
при што насочувачката шипка се изместува
нагоре и оди наназад кон лицето кое ракува со
електричниот алат.
Ако синџирот на пилата се заглави на врвот
на шипката за насочување, таа може нагло
да се придвижи кон лицето што ракува со
електричниот алат.
Секоја од овие реакции може да предизвика да
изгубите контрола над пилата, при што може
да дојде до посериозни физички повреди. Не
потпирајте се само на безбедносните уреди
вградени во пилата. Како корисник на пила за
кастрење, треба да преземете неколку чекори
за да не дојде до повреда или да се повредите
кога сечете.
Повратниот удар е резултат од неправилна
употреба на пилата за кастрење и/или
неправилни работни постапки и услови и може
да се избегне со преземање соодветни мерки
на претпазливост, како што е наведено подолу:
Цврсто држете го електричниот алат,
со палците и прстите околу рачките
на пилата за кастрење, со двете раце
на пилата и поставете ги вашето
тело и рака, така што ќе можете да ги
задржите повратните импулси. Лицето
што ракува со електричниот алат може
да ги контролира повратните импулси,
ако се преземат соодветни мерки на
претпазливост. Не испуштајте ја пилата за
кастрење.
► Сл.1
Немојте да досегате и да сечете над
висина на рамената. Така ќе спречите
ненамерно допирање на врвот и ќе имате
подобра контрола над пилата за кастрење
во неочекувани ситуации.
Користете само резервни насочувачки
шипки и синџири на пилата што
ги препорачува производителот.
Несоодветните резервни насочувачки
шипки и синџири на пилата може да
предизвикаат кршење на синџирот и/или
повратен удар.
Следете ги упатствата на
производителот за острење и за
одржување на моторната пила. Ако
дојде до намалување на висината на
мерачот на длабочина, може да се појави
поголем повратен удар.
15. Следете ги сите упатства при чистење
на заглавен материјал, складирање или
сервисирање на пилата за кастрење.
Осигурете се дека приклучокот е исклучен и
дека батериите се извадени.
Дополнителни безбедносни упатства
Лична заштитна опрема
1.
Облеката треба да е тесна, но сепак да
овозможува комотно движење.
2.
Носете ја наведената заштитна облека додека
работите:
Тестиран безбедносен шлем, ако постои
опасност да паѓаат гранки или слично;
Маска за лице или заштитни очила;
Соодветна заштита за уши (штитници
за уши, чепови за уши по мерка или
приспособливи). По барање, да се
направи анализа на октавите за видот.
Ракавици од цврста кожа;
Долги панталони произведени од цврст материјал;
Заштитни работнички панталони и платно
отпорно на сечење;
Заштитни чевли или чизми со ѓон,
челична предница и облога од патно
отпорно на сечење;
Маска за дишење, кога при работата се
создава прав (на пример, сечење на суво дрво).
Работење
1.
Пред да започнете со работа, проверете
дали алатот е во соодветна работна
состојба и дека неговата состојба е во
согласност со безбедносните регулативи.
Особено проверете дали:
сопирачката за намалување работи
правилно;
шипката и преградата на ѕвездестиот
лагер се правилно наместени;
синџирот е наострен и затегнат во
согласност со регулативите.
Не стартувајте го алатот со капакот на
2.
синџирот поставен на него. Ако се стартува
алатот со капакот на синџирот поставен на
него, тој може да биде отфрлен нанапред и да
резултира со телесна повреда и оштетување
на предметите околу операторот.
3.
Не стојте директно под гранката што се
сече. Внимавајте на гранките што паѓаат.
4.
Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
5.
Кога го користите алатот на каллива земја,
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
Безбедност на електричните делови и батеријата
1.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата може
2.
да експлодира. Проверете ги локалните прописи
за можни упатства за специјален отпад.
3.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
4.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
68 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents