Makita UM600D Instruction Manual page 66

Cordless grass shear / cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for UM600D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
11.
Пред да започнете со работа, проверете и
осигурете се дека фрезата е безбедна и е
во добра работна состојба. Осигурете се
дека штитниците се правилно поставени.
Фрезата за жива ограда не смее да се
користи освен ако не е целосно составена.
12. Осигурете стабилна потпора со стапалата
пред да почнете со работа.
13. Држете го алатот цврсто кога го користите.
14. Не работете со алатот без оптоварување
кога тоа не е неопходно.
15. Веднаш исклучете го моторот и извадете
ја касетата за батерија ако сечилото дојде
во допир со цврста ограда или друг тврд
предмет. Проверете дали е оштетен секачот
и ако е оштетен, веднаш поправете го.
16. Секогаш пред да го проверите секачот,
да поправате дефекти или да отстраните
материјали заглавени во секачот,
исклучувајте ја фрезата и вадете ја касетата
за батерија.
17. Исклучете ја фрезата и извадете ја касетата
за батерија пред да изведете какво било
одржување.
18. Кога ја преместувате фрезата за жива
ограда на друго место, вклучувајќи и за
време на работата, секогаш вадете ја
касетата за батерија и поставувајте го
капакот за сечилото на сечилата. Никогаш
не носете ја и не транспортирајте ја фрезата
додека секачот е во движење. Никогаш не
фаќајте го секачот со вашите раце.
19. Чистете ја фрезата за жива ограда и
особено секачот, по употребата и пред
складирање на фрезата за подолги
периоди. Подмачкајте го малку секачот
и поставете го капакот. Капакот што се
испорачува со уредот може да се обеси на ѕид
со што се обезбедува безбеден и практичен
начин за чување на фрезата за жива ограда.
20. Складирајте ја фрезата за жива ограда со
поставен капак во сува просторија. Држете
го подалеку од дофат на деца. Никогаш не
складирајте ја фрезата на отворено.
21. Никогаш не насочувајте ги сечилата за
стрижење кон себе или кон другите.
22. Доколку сечилата престанат да се движат
поради заглавувањето туѓи предмети
помеѓу нив за време на работата, исклучете
го алатот и отстранете ја касетата за
батерија, а потоа отстранете ги туѓите
предмети користејќи алати како клешта.
Отстранувањето на туѓите предмети со раце
може да предизвика повреда од причина што
сечилата може да се поместат како реакција на
отстранување на туѓите предмети.
23. Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
24. Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги
локалните прописи за можни упатства за
специјален отпад.
25. Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите. Електролитот што се ослободува
е корозивен и може да предизвика
оштетување на очите или кожата. Може да е
токсичен ако се голтне.
26. Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
27. Проверете дали има туѓи предмети во
живата ограда и грмушките, како на пример,
жичени огради или сокриени кабли, пред да
започнете со работата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
На изложувајте ја касетата за
(3)
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
66 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Uh201d

Table of Contents