Makita DLM380 Instruction Manual page 52

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM380:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
► Сл.9: 1. Рачка за прилагодување на висината на
косење 2. Осигурувачи
Височината на косење може да се прилагоди во
опсег помеѓу 25 мм - 75 мм.
1.
Извадете го клучот за блокирање.
2.
Повлечете ја рачката за прилагодување
на височината на косење кон страната A.
Поместете ја на саканото ниво на височина на
косење.
Осигурете се дека чепчињата на рачката за
прилагодување на височината на косење
влегле во дупчињата и дека рачката се враќа
на страната B.
НАПОМЕНА:
Сликите што се однесуваат на височината
на косење треба да се користат само како
патоказ, бидејќи состојбата на тревникот или
на земјата може да предизвика височината
на тревникот да биде различна во мала мера
од поставената височина на сликата.
Направете пробно косење на тревата на
поневидливо место за да ја добиете саканата
височина.
Полесно е да ја поместите рачката за
прилагодување на височината на косење,
држејќи го алатот цврсто.
► Сл.10
Индикатор за ниво на трева
► Сл.11: 1. Индикатор за ниво на трева
Индикаторот за ниво на трева го покажува
волуменот на собраната трева.
Кога корпата за трева не е полна, индикаторот
лебди за време на косењето.
Кога корпата за трева е полна, индикаторот не
лебди за време на косењето. Во овој случај,
веднаш запрете со косење и испразнете ја
корпата. Откако ќе ја испразните корпата,
исчистете ја така што воздухот да може да
поминува низ нејзината мрежа.
НАПОМЕНА:
Овој индикатор е груб водич. Во зависност од
условите на внатрешноста на корпата, овој
индикатор може да не работи исправно.
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш осигурувајте се клучот за
блокирање и батеријата да се извадени
пред да вршите каква било работа врз
косилката. Ако не ги извадите клучот за
блокирање и батеријата, може да дојде до
тешка телесна повреда заради случајно
стартување.
Никогаш не стартувајте го алатот ако
не е целосно составен. Работењето со
делумно составен алат може да резултира
со тешка телесна повреда заради случајно
стартување.
Монтирање на капакот на
батеријата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не вметнувајте ги клучот за блокирање и
батеријата пред да го монтирате капакот на
батеријата. Во спротивно, може да дојде до
сериозна повреда.
Монтирајте го капакот на батеријата целосно пред
да започнете со работа со алатот за да ги заштитите
алатот и батеријата од кал, нечистотии или вода.
1.
Поставете го капакот на батеријата на алатот
порамнувајќи ги испакнатите делови на алатот
со дупчињата во капакот на батеријата.
► Сл.12: 1. Капак на батеријата 2. Дупка
3. Испакнувања
2.
Ставете ги вашите раце во средината на
капакот на батеријата и притиснете.
► Сл.13: 1. Капак на батеријата
3.
Пред за започнете со работа прв пат,
проверете дали стожерната точка на капакот
на батеријата е правилно склопена. За да ја
проверите, повлечете ја рачката за блокирање
на капакот на батеријата кон вас и отворете го
капакот на батеријата.
► Сл.14: 1. Капак на батеријата 2. Стожерна точка
3. Рачка за блокирање на капакот на
батеријата
Монтирање на рачката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога ги монтирате рачките, поставете ги
жиците така што да не можат да зафатат од
ништо помеѓу рачките.
1.
Олабавете ги клемастите завртки (две
парчиња).
► Сл.15: 1. Долна рачка 2. Завртка за стега
3. Стегач 4. Разлабавете 5. Жлеб
2.
Раширете ја долната рачка на обете нејзини
страни и додека е раширена во таква положба,
наведете ја наназад и потоа вметнете ја во
жлебот на лежиштето.
► Сл.16: 1. Долна рачка 2. Горна рачка 3. Дупчиња
3.
Стегнете ги клемастите завртки од обете
страни за да ја прицврстите долната рачка.
► Сл.17: 1. Клемаста навртка 2. Спирална шајбна
3. Шраф 4. Стегач
4.
Подигнете ја горната рачка и порамнете ги
дупчињата за завртки во горната рачка со
оние во долната рачка. Прицврстете ги со
испорачаните завртки, спиралните шајбни и
клемастите навртки.
НАПОМЕНА:
Во овој момент, цврсто задржете ја горната
рачка за да не ви падне од раката.
► Сл.18: 1. Држач 2. Горна рачка 3. Кабел
52 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm380pm2

Table of Contents