Makita DLM380 Instruction Manual page 51

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM380:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Систем за заштита на батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата.
Алатот автоматски ќе застане за време на работењето ако
алатот или батеријата се поставени под еден од следниве
услови. Во некои услови, индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптеретување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува да
повлекува прекумерно висока струја, алатот автоматски
се исклучува без никаква индикација. Во таква ситуација,
исклучете го алатот и запрете со примената која предизвикала
алатот да се преоптовари. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреат, алатот
автоматски се исклучува без никакви индикации.
Алатот не стартува дури ни ако го вклучите. Во оваа
ситуација, оставете го алатот да се олади пред
повторно да го вклучите.
НАПОМЕНА: Заштитата од прегревање на
батеријата работи само со батерија со ознака
на ѕвезда. Системот за заштита на алатот од
прегревање работи со кои било батерии.
► Сл.4: 1. Ознака со ѕвезда
Заштита од прекумерно празнење
► Сл.5: 1. Индикатор за батерија
Кога преостанатиот капацитет на батеријата падне
на ниско ниво, индикаторот за батеријата почнува
да трепка на соодветната страна од батеријата. Со
натамошна употреба, алатот запира и индикаторот за
батеријата се вклучува и останува вклучен околу 10
секунди. Во оваа ситуација, наполнете ја батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.6: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
51 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Дејство на прекинувачот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да ја монтирате батеријата во
алатот, секогаш проверувајте дали
рачката на прекинувачот правилно се
активира и се враќа во почетната положба
кога ќе се отпушти. Ако работите со алатот
со прекинувач кој не се активира правилно,
може да дојде до загуба на контрола и тешка
телесна повреда.
НАПОМЕНА:
Ако се обидувате да косите многу трева
наеднаш, моторот може да не стартува
заради преоптовареност. Во овој момент,
променете ја височината на косење на
највисоко ниво за рестартирање.
Косилката не стартува без да се притисне
копчето на прекинувачот дури и ако рачката
на прекинувачот е повлечена.
Оваа косилка е опремена со прекинувач за
заклучување рачен прекинувач. АКо забележите
нешто необично кај кој било од овие прекинувачи,
веднаш запрете со работа и нарачајте нивна
проверка од страна на најблискиот овластен
сервисен центар на Makita.
1.
Монтирајте ги батериите. Вметнете го клучот за
блокирање во прекинувачот за заклучување и
потоа затворете го капакот на батеријата.
► Сл.7: 1. Батерија 2. Клуч за блокирање
2.
Притиснете го копчето на прекинувачот.
3.
Повлечете ја рачката на прекинувачот кон вас
додека го притискате копчето на прекинувачот.
► Сл.8: 1. Копче за вклучување/исклучување
2. Лост за вклучување/исклучување
4.
Отпуштете го копчето на прекинувачот штом
моторот почне да работи. Косилката ќе
продолжи да работи додека не ја отпуштите
рачката на прекинувачот.
5.
Отпуштете ја рачката на прекинувачот за да го
запрете моторот.
6.
Кога не се користи, вадете го клучот за
блокирање. Складирајте го клучот за блокирање
на сигурно место вон дофат на деца.
Прилагодување на височината на
косење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не ставајте ја вашата рака или
нога под уредот на косилката кога ја
прилагодувате височината на косење.
Секогаш осигурувајте се дека рачката
правилно влегува во жлебот пред да
започнете со работа.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm380pm2

Table of Contents