Makita DHW080 Instruction Manual page 88

Cordless high pressure washer
Hide thumbs Also See for DHW080:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Распрскувач за нечистотии
Зависно од земјата
► Сл.7
Се исфрла спирален млаз. Соодветен за
отстранување закоравени нечистотии.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го распрскувачот
за нечистотии за чистење кршливи површини
како што се прозорци или шасии на
автомобилите.
Операции со прекинувачот
Повлечете го прекинувачот за да се исфрли млаз
вода. Млазот се исфрла сѐ додека е притиснат
прекинувачот.
Прекинувачот може да се блокира за безбедно
работење со пушката за миење. За да се блокира
прекинувачот, повлечете го стопирачот и закачете го
за жлебот на рачката.
► Сл.8: 1. Прекинувач 2. Стопирач 3. Жлеб
ЗАБЕЛЕШКА:
За да се избегне механичка
грешка во прекинувачот за притисок, секогаш
оставајте интервал од две минути помеѓу
постапките со прекинувачот.
Безбедносен вентил
Уредов е опремен со безбедносен вентил што
спречува прекумерен притисок. Кога ќе се отпушти
прекинувачот, вентилот се отвора и водата
циркулира низ отворот на пумпата.
ВНИМАНИЕ:
Не менувајте ја и не
нагодувајте ја поставката на безбедносниот
вентил.
Довод на вода од цистерна/
резервоар
Вода може да се доведува од цистерна или
резервоар наместо од чешма.
Заменете го конекторот на цревото за вода
со комплетот црево за вшмукување. Кога го
приклучувате комплетот црево за вшмукување,
откачете ја кутијата на филтерот од цревото и
прикачете ја на отворот од апаратот за миење под
висок притисок. Потоа, поврзете го цревото со
кутијата на филтерот.
НАПОМЕНА: Кога го откачувате/приклучувате
цревото од/со кутијата на филтерот, завртете
го ракавот додека го држите цревото така што
цревото да не ротира со ракавот.
► Сл.9: 1. Цистерна/резервоар 2. Комплет црево
за вшмукување 3. Конектор на цревото
за вода 4. Црево 5. Кутија на филтерот
6. Отвор на апаратот за миење под висок
притисок 7. Стега за црево 8. Ракав
ВНИМАНИЕ:
Кога го прикачувате ракавот
на кутијата на филтерот, внимавајте да не си ја
повредите раката со стегата за цревото.
ЗАБЕЛЕШКА:
комплетот црево за вшмукување на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
ft) или помалку висина помеѓу влезниот отвор
на апаратот за миење под висок притисок и
површината на водата. Во спротивно, апаратот
за миење под висок притисок нема да може да ја
однесе водата во пумпата.
За да навлезе вода во цревото, отстранете ја млазницата
од пушката за миење и вклучете го апаратот за миење
под висок притисок додека прекинувачот на пушката е
притиснат. Штом водата ќе почне да излегува рамномерно
од пушката за миење, отпуштете го прекинувачот и
прикачете ја млазницата за вашата намена.
► Сл.10: 1. Пушка за миење
НАПОМЕНА: Кога не се исфрла вода, откачете го
комплетот црево за вшмукување и потопете го во
вода. Потоа, повторно прикачете го на апаратот за
миење под висок притисок.
► Сл.11: 1. Комплет црево за вшмукување
Кога садот се користи како
резервоар за вода
Садот доставен со апаратот за миење под висок
притисок може да го користите како резервоар за
вода (во зависност од земјата).
1.
Испразнете го садот и ставете вода во него.
► Сл.12: 1. Линија за максимално ниво на вода
ЗАБЕЛЕШКА:
за максимално ниво на вода.
ЗАБЕЛЕШКА:
со цврсто затворање. Внимавајте да не ја
истурите водата при носењето на садот.
2.
Откачете ја кутијата на филтерот од комплетот
црево за вшмукување.
► Сл.13: 1. Црево 2. Кутија на филтерот
3.
Отстранете го капачето на отворот за
дополнување вода и протнете го комплетот црево за
вшмукување низ отворот како што е прикажано на
сликата.
► Сл.14: 1. Капаче 2. Држач на капаче 3. Отвор за
дополнување вода 4. Комплет црево за
вшмукување
НАПОМЕНА: Капачето на отворот за дополнување
вода може да се остави на држачот на капачето.
4.
Отстранете го конекторот на цревото за вода од
отворот на апаратот за миење под висок притисок.
Потоа, поврзете ја кутијата на филтерот со влезниот
отвор, а потоа и цревото со кутијата на филтерот.
► Сл.15: 1. Влезен отвор на апаратот за миење
под висок притисок 2. Кутија на филтерот
3. Конектор на цревото за вода 4. Црево
5.
Ставете го апаратот за миење под висок
притисок врз садот, така што ќе го зацврстите со
држачите на капакот од садот.
► Сл.16: 1. Апарат за миење под висок притисок
2. Капак 3. Отвор за испуштање воздух
88 МАКЕДОНСКИ
Секогаш користете го
Секогаш одржувајте 1 м (3,28
Не ставајте вода над линијата
Капакот на садот не е од типот

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents