Makita DHW080 Instruction Manual page 83

Cordless high pressure washer
Hide thumbs Also See for DHW080:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Внимавајте да не се сопнете од цревото
на апаратот за миење под висок притисок.
Секогаш имајте ја предвид местоположбата
на цревото за време на работењето.
За време на користењето, мало количество
6.
вода ќе истече од долниот дел на апаратот
за миење под висок притисок. Избегнувајте
поставување на апаратот за миење под
висок притисок на места што не сакате да се
наводенат.
Лична безбедност
1.
За да се заштитат од млазот и од објектите
исфрлени од млазот, операторите треба да
носат соодветна облека како што се заштитни
очила, заштитни ракавици, заштитни шлемови
со визири, заштита за ушите итн.
2.
Не користете го апаратот за миење под
висок притисок во опсег на луѓе, освен ако
тие носат заштитна облека.
3.
За да се намали ризикот од повреда,
потребен е надзор кога производот се
користи во близина на деца.
Ако го поврзувате со пренослив систем за
4.
вода, системот треба да биде заштитен од
повратен тек.
5.
Водата што протекла низ уредот за
спречување повратен тек не е за пиење.
Електрична безбедност
Никогаш не допирајте ги касетите за
1.
батерија со мокри раце.
Не користете ја машината ако важните
2.
делови на машината се оштетени, на пр.,
безбедносните уреди, цревата под висок
притисок или пушката за миење.
Користење и грижа за електричниот алат
Прочитајте ги сите упатства пред да го
1.
користите производот.
2.
Треба да знаете како се сопира апаратот
за миење под висок притисок и како да ги
намалите притисоците набрзина. Треба да
сте запознаени темелно со контролите.
3.
Млазовите под висок притисок може да
бидат опасни ако се користат погрешно.
Млазот не смее да се насочува кон луѓе,
електрична опрема под напон или кон
самата машина.
4.
Оваа машина не е наменета за употреба
од лица (вклучувајќи деца) со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
5.
Децата треба да се под надзор за да се
осигури дека нема да си играат со уредот.
6.
Не прскајте запаливи и/или токсични течности.
Ова може да предизвика експлозија, труење
или да ја оштети машината.
7.
Не насочувајте го млазот кон вас или кон
другите за да ја чистите облеката или
обувките.
8.
Цревата, приклучоците и спојките под
висок притисок се важни за безбедноста на
машината. Користете ги само оние црева,
приклучоци и спојки што ги препорачува
производителот.
9.
Следете ги упатствата кога ги менувате
додатоците.
10. Рачките треба да бидат суви, чисти и без
масло или маснотии.
11.
Бидете претпазливи – внимавајте што правите.
12. Не ракувајте со производот кога сте изморени
или под влијание на алкохол или лекови.
13. Не оставајте го апаратот за миење под
висок притисок да работи без вода подолго
од една минута. Ќе се оштети моторот и ќе
предизвика дефект.
14. Секогаш исклучувајте ги напојувањето и главниот
довод на вода кога го оставате апаратот за миење
под висок притисок без надзор.
15. Внимавајте на повратниот удар. Пушката
за миење отскокнува кога ќе излезе млазот
под висок притисок од млазницата. Држете
ја пушката за миење цврсто за да се спречат
случајни повреди.
16. Проверете дали има оштетени или изабени
делови пред употреба. Исто така, осигурете
се дека цревото е прикачено правилно и
дека нема истекување за време на работата.
Работење со машината со функционални
дефекти може да предизвика несреќа.
17. Машината е направена за употреба со
средствата за чистење што ги доставува
или препорачува производителот.
Користењето други средства за чистење
или хемикалии може да влијае неповолно
врз безбедноста на машината.
18. Не влечете го цревото за да го поместувате
главниот дел од апаратот за миење под
висок притисок. Така ќе се оштетат цревото
и деловите за поврзување и ќе дојде до
краток спој или функционални дефекти.
19. Не поставувајте тешки објекти врз цревото и
не дозволувајте возилата да го прегазуваат.
20. Секогаш испуштајте го преостанатиот
притисок во пушката за миење пред да го
исклучите цревото.
21. Кога го прикачувате цревото за главниот
довод, следете ги упатствата на локалното
претпријатие или компанија за водовод.
22. Доколку апаратот за миење под висок
притисок се испушти или удри во
тврд предмет, проверете ги штетата и
пукнатината. Користењето оштетен апарат за
миење под висок притисок може да создаде
чад, оган или да предизвика струен удар, што
ќе резултира со телесна повреда.
23. При користењето чистачи под висок
притисок, може да се формираат аеросоли.
Вдишувањето аеросоли може да биде
опасно по здравјето.
24. Во зависност од примената, за чистење
под висок притисок може да се користат
заштитени млазници, со што значително ќе се
намали емисијата на водени аеросоли. Сепак,
таквиот уред не може да се користи за сите
примени. Ако заштитените млазници не може
да се применуваат за заштита од аеросоли,
можеби ќе биде потребна респираторна
маска од класата FFP 2 или еквивалентна, во
зависност од средината на чистење.
83 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents