Makita M3601 Instruction Manual page 36

Hide thumbs Also See for M3601:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
Поставете ја основата на алатот врз материјалот
што ќе го сечете без да го допира глодачката
глава. Потоа вклучете го алатот и почекајте додека
глодачката глава да достигне целосна брзина.
Спуштете го телото на алатот и движете го алатот
нанапред преку површината на материјалот, а
основата на алатот нека биде чиста и нека се движи
масно додека не се заврши сечењето.
Кога се сечат рабови, површината на материјалот
треба да биде на левата страна од глодачката глава,
во правец на принесување на материјалот.
► Сл.8: 1. Работен материјал 2. Насока на вртење
на главата 3. Приказ од горниот дел на
алатот 4. Правец на принесување
НАПОМЕНА: Ако го движите материјалот
премногу брзо нанапред, засекот ќе биде со
слаб квалитет или ќе ги оштети глодачката глава
или моторот. Ако пополека го движите алатот
нанапред, може да се изгори засекот или да се
расипе. Правилната брзина на принесување на
материјалот ќе зависи од големината на бургијата,
видот на материјалот и длабочината на засекот.
Пред да почнете да сечете на самиот материјал,
се препорачува да направите мала проба на
отпадно парче дрво. Така ќе се види точно како
ќе изгледа засекот и ќе можете да ги проверите
димензиите.
НАПОМЕНА: Кога го користите држачот на правец
или насочувачот на поткаструвачот, задолжително
монтирајте го на десната страна во правецот
на принесување на материјалот. Така ќе биде
израмнето со страната на материјалот.
► Сл.9: 1. Правец на принесување на материјалот
2. Правец на вртење на главата 3. Работен
материјал 4. Држач на правец
Насочувач на правец
Насочувачот за правец ефикасно се користи за
прави пресеци кога се прават закосувања или
жлебови.
► Сл.10
За да го монтирате држачот на правец, вметнете
ги шипките на држачот во дупките на основата на
алатот. Нагодете го растојанието помеѓу главата
и држачот на правец. На саканото растојание,
стегнете ги крилестите завртки за да го прицврстите
држачот на правец на место. Кога сечете, движете го
алатот со држачот на правец израмнет со страната
на материјалот.
► Сл.11: 1. Насочувачка шипка 2. Стезна завртка
3. Држач на правец
Ако растојанието (A) меѓу страната на материјалот и
положбата на сечење е премногу големо за држачот
на правец или ако страната на материјалот не е
права, не може да се користи држачот на правец.
Во тој случај, цврсто стегнете права плоча на
материјалот и користете ја како држач на правец на
основата на фрезата. Принесувајте материјал во
алатот во правец на стрелката.
► Сл.12
Комплет распрскувач на прав
(само за европските земји)
Користете го распрскувачот на прав за извлекување
прав. Инсталирајте го распрскувачот на прав
на основата на алатот со крилестата навртка
за испакнувањето на распрскувачот на прав да
одговара на засекот на основата на алатот. Потоа,
поврзете правосмукалка на распрскувачот на прав.
► Сл.13: 1. Смукалка за прав 2. Рачна завртка
► Сл.14
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Прави глави и глави за жлебови
Глави за формирање рабови
Глави за поткастрување ламинат
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
36 МАКЕДОНСКИ
Пред секоја проверка или
За чистење, не користете
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents