Makita M3601 Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for M3601:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
глодачот
1.
Држете го електричниот алат за изолираните
површини за држење бидејќи во спротивно,
секачот може да дојде во допир со сопствениот
кабел. Ако се пресече жица под напон, може да
пренесе струја на изложените метални делови на
електричниот алат и да предизвика струен удар кај
лицето кое ракува со алатот.
2.
Користете стеги или друг практичен начин
за да го зацврстите и потпрете материјалот
на стабилна платформа. Ако го држите
материјалот со рака или го навалувате на
телото, ќе биде нестабилен и може да доведе
до губење контрола.
3.
Носете заштита за уши кога работите
подолго време.
4.
Ракувајте многу внимателно со глодачките
глави.
5.
Пред работата, внимателно проверете дали
на глодачката глава има пукнатини или
оштетувања. Ако на главата има пукнатини
или оштетувања, заменете ја веднаш.
6.
Избегнувајте сечење шајки. Проверете и
извадете ги сите шајки од материјалот пред
да работите.
7.
Цврсто држете го алатот со двете раце.
8.
Не допирајте ги вртливите делови.
9.
Внимавајте глодачката глава да не го
допира материјалот пред да се вклучи
прекинувачот.
10. Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Гледајте дали вибрира или
се клати, што може да значи дека има
неправилно монтирана глава.
11.
Внимавајте на правецот на ротирање на
глодачката глава и правецот од кој го прима
материјалот.
12. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
13. Секогаш исклучувајте го алатот и почекајте
глодачката глава целосно да сопре пред да
го тргнете алатот од материјалот.
14. Не допирајте ја глодачката глава веднаш по
работата, може да е многу жешка и да си ја
изгорите кожата.
15. Немојте невнимателно да ја мачкате
основата на електричниот алат со
разредувач, бензин, нафта или сл. Може да
предизвикаат напукнување на основата на
електричниот алат.
16. Користете глодачки глави со соодветен
пречник на оската за брзината на алатот.
17. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат токсични. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
18. Секогаш користете ги соодветните маска
за прав / респиратор за материјалот кој го
користите за одредена примена.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Прилагодување на длабочината
на сечењето
1.
Ставете го алатот на рамна површина.
Олабавете го шрафот што ја прицврстува шипката
за сопирање.
► Сл.1: 1. Шипка за сопирање 2. Завртка
2.
Олабавете го лостот за блокирање и спуштете
го телото на алатот додека главата на глодачот
не допре рамна површина. Стегнете го лостот за
блокирање за да го блокирате телото на алатот.
► Сл.2: 1. Лост за блокирање 2. Завртка
3.
Спуштете ја шипката за сопирање додека
не направи контакт со шестаголната навртката
за нагодување. Порамнете го показателот на
длабочина со градацијата „0".
► Сл.3: 1. Показател на длабочина 2. Завртка
3. Шипка за сопирање 4. Шестаголна
завртка за нагодување 5. Блокирач
4.
Подигнете ја шипката за сопирање додека
не ја добиете саканата длабочина на засекот.
Длабочината на засекот е назначена на скалата
(1 мм по градиент) до показателот на длабочина.
Потоа, стегнете го шрафот за да ја прицврстите
шипката за сопирање.
5.
Вашата однапред определена длабочина
на засекот може да се постигне со олабавување
на лостот за блокирање и спуштање на телото на
алатот додека шипката за сопирање не оствари
контакт со шестаголната навртка за нагодување.
34 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
Пред секое дотерување или

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents