Makita M3601 Instruction Manual page 35

Hide thumbs Also See for M3601:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Бидејќи претераното сечење
може да предизвика преоптоварување на
моторот или тешкотии во контролирање
на алатот, длабочината на засекот не треба
да биде поголема од 15 мм (9/16") на секое
минување, кога се сечат жлебови со глава со
дијаметар од 8 мм (5/16").
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете жлебови со глава
со дијаметар од 20 мм (13/16"), длабочината
на засекот не треба да биде поголема од 5 мм
(3/16") на секое минување.
ВНИМАНИЕ:
Кога сакате да сечете
жлебови подлабоки од 15 мм (9/16"), со глава
со дијаметар од 8 мм (5/16") или подлабоки
од 5 мм (3/16") со глава со дијаметар од 20 мм
(13/16"), поминете неколкупати со прогресивно
подлабоки поставки на главата.
Блокирач
Блокирачот има три шестоаголни завртки за
нагодување што подигаат или спуштаат за 0,8 мм
(прибл. 1/32") со секое завртување. Може лесно да
добиете три различни длабочини на засек со помош
на шестоаголните завртки за нагодување без да ја
приспособувате шипката за стопирање.
► Сл.4: 1. Показател на длабочина 2. Завртка
3. Шипка за сопирање 4. Шестаголна
завртка за нагодување 5. Блокирач
1.
Нагодете ја најниската шестаголна завртка
за да добиете најголема длабочина на засекот,
следејќи го методот „Нагодување на длабочината на
засекот".
2.
Нагодете ги двете останати шестаголни
завртки за да добиете помали длабочини на засекот.
Разликата во височината на овие шестаголни
завртки е еднаква на разликите во длабочините на
засекот.
3.
Свртете ги шестаголните завртки за да ја
нагодите длабочината. Блокирачот е корисен и за
три минувања со прогресивно подлабоки поставки
на главата кога се сечат длабоки жлебови.
НАПОМЕНА: Кога користите глава долга 60 мм
(2-3/8") или повеќе или со раб долг 35 мм (1-3/8")
или повеќе, длабочината на засекот не може да
се нагоди како што беше спомнато претходно. За
нагодување, постапете на следниов начин:
1.
Олабавете го лостот за блокирање и
внимателно нагодете го продирањето на
главата под основата на алатот до саканата
длабочина на засекот со движење на телото
на алатот нагоре или надолу.
2.
Повторно стегнете го лостот за блокирање
за да го блокирате телото на алатот на таа
длабочина на засекот. Телото на алатот
треба да биде блокирано во оваа позиција за
време на користењето.
Бидејќи главата секогаш штрчи во однос на
основата на алатот, внимавајте кога ракувате со
алатот.
Нагодување на лостот за
блокирање
Блокираната позиција на лостот за блокирање
може да се нагодува. За нагодување, отстранете го
шрафот што го прицврстува лостот за блокирање.
Лостот за блокирање ќе излезе. Поставете го лостот
за блокирање под саканиот агол. По нагодувањето,
стегнете го лостот за блокирање вртејќи го надесно.
► Сл.5: 1. Лост за блокирање 2. Завртка
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
кабелот во мрежата, проверете дали
прекинувачот функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопре.
► Сл.6: 1. Прекинувач
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Поставување или отстранување
бургија
Вметнете ја главата до крај во конусот на цангата
и стегнете ја цврсто навртката на цангата со двата
клуча. Покрај конусот на цангата од 6 мм или 1/4" кој
е фабрички монтиран на алатот, како стандардна
опрема може да се обезбеди конус на цанга и
од 8 мм (во зависност од земјата). Користете ја
соодветната големина на конусот на цангата за
главата што планирате да ја користите.
► Сл.7
За да ја извадите главата, следете ја постапката за
монтирање по обратен редослед.
ВНИМАНИЕ:
цврсто. Секогаш користете го само клучот
даден со алатот. Разлабавена или премногу
стегната бургија може да биде опасна.
ВНИМАНИЕ:
на цангата без да ја ставите главата. Може да
дојде до кршење на конусот на цангата.
35 МАКЕДОНСКИ
Пред да го приклучите
Пред да работите нешто на
Монтирајте ја бургијата
Не стегнувајте ја навртката

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents