Makita UM164D Instruction Manual page 73

Hide thumbs Also See for UM164D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање или вадење на капакот за сечилото
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не го допрете сечилото за
стрижење кога го монтирате или го вадите
капакот за сечилото. Допирот со сечилото за
стрижење може да предизвика телесни повреди.
Слика5
Слика6
Лизгајте го капакот за сечилото од страната на алатот
додека сечилото за стрижење целосно не се сокрие и
потоа трунете го цврсто кон алатот однапред.
За да го извадите капакот за сечилото, изведете ја
гореопишаната постапка за монтирање по обратен
редослед.
Монтирање или вадење на рамката на основата
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја монтирате или извадите рамката на
основата, монтирајте го капакот за сечило.
Кога ја монтирате или вадите рамката на
основата, внимавајте вашите прсти да не се
зафатат помеѓу алатот и рамката на основата.
Слика7
За да ја извадите рамката на основата, превртете го
алатот и извадете ја од жлебот држејќи ја за нејзиното дно.
Слика8
За да ја монтирате рамката на основата, вметнете го
испакнатиот дел од рамката на основата во близина на
рачката за промена во дупчето за нагодување на
висината на стрижење трева. Со рамката на основата
вметната на тој начин, повлечете го долниот дел на
рамката на основата и вметнете го другиот дел на
рамката на основата во жлебот на алатот.
Монтирање или вадење на сечилата за
трева
ВНИМАНИЕ:
Пред монтирање или вадење на сечилата за
стрижење, секогаш проверувајте дали алатот е
исклучен и батеријата е извадена. Ако не го
исклучите алатот и не ја извадите батеријата
од алатот, може да дојде до тешка повреда
заради случајно стартување.
Секогаш кога го заменувате сечилото за
стрижење, носете ракавици без да го вадите
капакот за сечилото така што рацете и лицето
да не дојдат во директен допир со сечилото. Во
спротивно може да дојде до телесна повреда.
НАПОМЕНА:
Не бришете ја маста од запчаникот и курблата. Во
спротивно, може да дојде до оштетување на алатот.
За специфични начини за вадење и монтирање
сечила за стрижење, погледнете на задната
страна од пакувањето на сечилата за стрижење.
Слика9
Извадете ја рамката на основата и превртете го
алатот наопаку.
ВНИМАНИЕ:
Пред да го превртите алатот наопаку, извадете
ја рамката на основата.
Слика10
За да го извадите сечилото за стрижење, притиснете
ја рачката за блокирање и со рачката за блокирање
притисната, вртете го лежиштето налево додека
симболот
на лежиштето не се порамни со
симболот
на рачката за блокирање.
Слика11
Редоследно извадете ги лежиштето, сечилото за
стрижење и курблата од алатот.
1
2
1. Курбла
2. Лежиште
3. Сечила за стрижење
010895
За да го монтирате сечилото за трева, подгответе ги
курблата, лежиштето и новото сечило за трева.
Слика12
Извадете го капакот за сечило од старите сечила за
стрижење и поставете го на новите за полесно
ракување за време на замената на сечилата.
1
1. Основна линија за порамнување на куќиштето на
алатот
2. Осигурувачи
010897
Прилагодете ги позициите на трите осигурувачи така
што сите три да се порамнети под прав агол во
73
3
2

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents