Makita M2402 Instruction Manual page 41

Portable cut-off
Hide thumbs Also See for M2402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За алат со копче за одблокирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се
притисне копчето за блокирање. Прекинувачот
што треба да се поправи може да резултира со
ненамерно стартување на алатот и тешка телесна
повреда. Вратете го алатот во сервисен центар на
Makita за соодветна поправка ПРЕД натамошна
употреба.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот без да го притиснете копчето за
заклучување. Тоа може да предизвика дефект на
прекинувачот.
Интервал помеѓу менгемето и
плочата за водење
ВНИМАНИЕ:
По нагодување на интервалот
помеѓу менгемето и плочата за водење,
уверете се дека плочата за водење е правилно
стегната. Недоволното фиксирање може да
резултира со лична повреда.
ВНИМАНИЕ:
Запаметете дека тесните
работни материјали може да не се прицврстат
безбедно при користење на второто
нагодување за поширок интервал.
Достапни се следниве параметри за интервали на
менгемето:
0 - 170 mm (0" - 6-11/16") (оригинален
параметар)
35 - 205 mm (1-3/8" - 8-1/16")
70 - 240 mm (2-3/4" - 9-7/16")
Доколку за вашата работа е потребен поинаков
параметар, продолжете со промена на растојанието
или интервалот како што е прикажано.
Извадете ги двете шестаголни завртки со имбус-
глава со помош на имбус-клуч. Поместете ја плочата
за водење до саканата положба и стегнете ја со
шестаголните завртки со имбус-глава.
► Сл.6: 1. Имбус-клуч 2. Плоча за водење
3. Завртки со имбус-глава
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
41 МАКЕДОНСКИ
Нагодување на аголот на засекот
ВНИМАНИЕ:
По нагодување на аголот на
плочата за водење, уверете се дека плочата
за водење е правилно стегната. Недоволното
фиксирање може да резултира со лична повреда.
ВНИМАНИЕ:
При вршење напречно косо
сечење надесно со алатот со гранична плоча,
секогаш поставувајте ја плочата за насочување
на положба 0 - 170 mm (0" - 6-11/16").
Поставувањето на положба 35 - 205 mm (1-3/8"
- 8-1/16") или 70 - 240 mm (2-3/4" - 9-7/16") го
попречува движењето на граничната плоча
што доведува до неправилно сечење.
ВНИМАНИЕ:
Поради аголот на сечење, не
ракувајте со алатот ако материјалот не е убаво
прицврстен со менгеме.
Олабавете ги двете шестаголни завртки со имбус-
глава со помош на имбус-клуч. Свртете ја плочата
за водење до саканиот агол и стегнете ја со
шестаголните завртки со имбус-глава. Внимавајте
да не го поместите поставениот агол додека ги
стегнувате шестаголните завртки со имбус-глава.
► Сл.7: 1. Плоча за водење 2. Завртки со
имбус-глава
НАПОМЕНА: Скалата на плочата за водење е
само груб показател. За попрецизно поставување
на аголот, користете агломер или триаголник.
Држете ја рачката надолу, така што тркалото за
сечење да излегува низ основата. Истовремено,
нагодете го аголот помеѓу плочата за водење и
тркалото за сечење со агломер или со триаголник.
Нагодување на штитникот од
искри
Штитникот од искри е монтиран фабрички
со неговиот долен раб во допир со основата.
Работењето со алатот во оваа положба ќе
предизвика разлетување на голем број искри
наоколу. Олабавете ја завртката и нагодете го
штитникот од искри во позиција во која најмалку се
разлетуваат искри наоколу.
Типот на штитник од искри се разликува од една до
друга држава.
► Сл.8: 1. Шраф 2. Штитник од искри
Плоча затворач
Зависно од земјата
Плочата затворач спречува тркалото за отсекување
да дојде во допир со работната клупа или подот.
Кога ќе монтирате ново тркало за отсекување,
поставете ја плочата затворач во положбата (А).
Кога ќе се изаби тркалото за отсекување до тој
степен што на долниот дел од работниот материјал
нема засек, поставете ја плочата затворач во
положбата (Б) за да се дозволи зголемен капацитет
за сечење со изабено тркало.
► Сл.9: 1. Плоча затворач

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M2403

Table of Contents