Makita M2402 Instruction Manual page 39

Portable cut-off
Hide thumbs Also See for M2402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8.
Не користете оштетени камења. Пред
секоја употреба, проверете ги камењата да
не се скршени или напукнати. Ако алатот
или каменот ви падне, проверете дали
има оштетувања или ставете неоштетен
камен. Откако ќе го проверите и ќе го
наместите каменот, поставете се себеси и
околните лица подалеку од рамнината на
вртливиот камен и и ракувајте со алатот
при максимална неоптоварена брзина
една минута. Оштетените камења обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
9.
од примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска за
прав, ракавици и престилка што може да сопре
мали отпадоци од брусење или стругање.
Заштитата за очи треба да сопира разлетан отпад
произведен од работата. Маската за прав или
респираторот треба да можат да ги филтрираат
честичките што ги произведува вашата работа.
Подолга изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
10. Присутните лица треба да бидат на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој што
влегува во работното подрачје треба да носи
заштитна опрема. Парчиња од обработуваниот
материјал или од скршениот камен може да
одлетаат и да предизвикаат повреди надвор од
непосредното работно подрачје.
11.
Поставете го кабелот подалеку од вртливиот
додаток. Ако изгубите контрола, кабелот може
да се пресече или повлече и раката или дланката
може да ви се повлечат во вртливиот камен.
12. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прав во куќиштето, а
прекумерното насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
13. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Не ракувајте со алатот кога е
поставен на запалива површина како дрво.
Искрите може да предизвикаат пожар.
14. Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење. Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар - предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на каменот што
се врти. Заглавувањето или поткачувањето
предизвикува нагло сопирање на каменот што се
врти, што предизвикува губење контрола врз алатот
и негово придвижување нагоре кон операторот.
На пример, ако абразивниот камен се заглави во
работниот материјал, работ на каменот што влегува
во точката на заглавувањето може да се зарие во
површината на материјалот, што ќе предизвика
каменот да излезе или да отскокне. Абразивните
камења може исто така да се скршат во вакви услови.
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
1.
Цврсто држете го алатот и наместете ги
телото и раката, така што ќе можат да
ги издржат силите од повратен удар.
Операторот може да ги контролира силите на
повратниот удар ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост.
2.
Не поставувајте го телото во линија со
вртливото тркало. Ако дојде до повратен
удар, ќе го упати делот за сечење нагоре, кон
операторот.
Не поставувајте синџирна пила, сечило за
3.
дрворез, сегментирано дијамантско тркало
со периферно растојание поголемо од 10 мм
или назабена пила. Таквите сечила создаваат
повратен удар и губење на контролата.
Не заглавувајте го каменот и не притискајте
4.
прекумерно. Не обидувајте се да сечете
предлабоко. Преголемото напрегнување
на каменот ги зголемува оптоварувањето
и можноста за извиткување или лепење на
каменот во засекот, а со тоа и можноста за
повратен удар или кршење на каменот.
5.
Кога каменот се лепи или кога сечењето
се прекинува поради нешто, исклучете
го алатот и држете го неподвижен додека
каменот не сопре целосно. Не обидувајте
се да го извадите каменот од засекот
додека се движи, инаку може да дојде до
повратен удар. Испитајте и преземете мерки
за отстранување на причините за лепење на
каменот.
6.
Не почнувајте со сечењето повторно додека
каменот е во материјалот. Оставете каменот
да достигне полна брзина и внимателно
влезете повторно во засекот. Каменот
може да се залепи, да осцилира или да дојде
до повратен удар ако електричниот алат се
активира повторно во материјалот.
Прицврстете ги материјалите што се
7.
преголеми за да го намалите ризикот од
заглавување на каменот и повратен удар.
Големите парчиња материјал обично се
виткаат од сопствената тежина. Држачите
треба да се стават под материјалот, близу до
линијата на сечење и до работ на материјалот
од двете страни на каменот.
Дополнителни безбедносни предупредувања
1.
Внимавајте на искрите додека работите.
Може да предизвикаат повреди или да запалат
запаливи материјали.
2.
Прицврстете го работниот материјал.
Користете стеги или менгеме за да го
прицврстите работниот материјал кога е
тоа практично. Побезбедно е отколку да ја
користите раката и притоа се слободни двете
раце да ракувате со алатот.
Внимателно обезбедете го тркалото за
3.
сечење.
Внимавајте да не ги оштетите оската,
4.
фланшите, (особено површината за
монтирање) или завртката, во спротивно
тркалото за сечење може да се скрши.
5.
Штитниците мора да се поставени и да се во
работна состојба.
6.
Цврсто држете ја рачката.
39 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M2403

Table of Contents