Makita DDF483 Instruction Manual page 40

Hide thumbs Also See for DDF483:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Ако бургијата за одвртување
не е вметната доволно длабоко во ракавот,
ракавот нема да се врати во својата почетна
положба и бургијата за одвртување нема да
биде прицврстена. Во таков случај, обидете
се повторно да ја поставите бургијата според
упатствата дадени погоре.
НАПОМЕНА: По поставување на бургијата за
одвртување, проверете дали е зацврстена. Ако
излегува, не користете ја.
Монтирање на куката
► Сл.13: 1. Жлеб 2. Кука 3. Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
Монтирање држач за бургија за
одвртување
Опционален прибор
► Сл.14: 1. Држач за бургија за одвртување
2. Бургија за одвртување
Поставете го држачот за бургии за одвртување во
испакнатиот дел на долниот дел од алатот на левата
или десната страна и зацврстете го со завртката.
Кога не ја користите бургијата за одвртување,
чувајте ја во држачот за бургии за одвртување. Овде
може да се чуваат бургии за одвртување долги 45
мм.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вметнувајте ја
касетата со батерии до крај додека не се
блокира во место. Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е целосно блокирана
во место. Вметнете ја целосно додека не се
прекрие црвениот индикатор. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Кога брзината нагло ќе
опадне, намалете ја оптовареноста или запрете
го алатот за да избегнете негово оштетување.
Држете го алатот цврсто со едната рака за дршката
и другата рака на долниот дел од батеријата за
контролирање на вртливото дејство.
► Сл.15
Одвртување/завртување
ВНИМАНИЕ:
нагодување на соодветното ниво на вртежен
момент за вашата работа.
ВНИМАНИЕ:
за одвртување е вметната правилно во главата
за одвртување/завртување, во спротивно
завртката и/или бургијата за одвртување може
да се оштетат.
Поставете го врвот на бургијата за одвртување
во главата на завртката и применете притисок
врз алатот. Полека стартувајте го алатот и
постепено зголемувајте ја брзината. Отпуштете
го прекинувачот за стартување штом завртката
навлезе во материјалот.
НАПОМЕНА: Кога завртувате завртка за дрво,
претходно дупнете почетна дупка со дијаметар
2/3 од оној на завртката. Тоа ќе го олесни
завртувањето и ќе спречи пукање на работниот
материјал.
Дупчење
Прво, свртете го прстенот за нагодување, така што
стрелката ќе покажува кон ознаката
продолжете на следниот начин.
Дупчење во дрво
Кога дупчите во дрво, најдобрите резултати се
добиваат со бургии за дрво опремени со водилка.
Водилката го олеснува дупчењето со тоа што ја
вовлекува бургијата за дупчење во работниот
материјал.
Дупчење во метал
За да спречите лизгање на бургијата за дупчење
кога започнувате со дупка, направете вдлабнување
со шило и чекан на местото каде што сакате да
дупчите. Поставете го врвот од бургијата за дупчење
во продупченото место и започнете со дупчење.
Кога дупчите во метал, користете средство за
подмачкување при сечење. Исклучок од тоа се
железо и месинг кои треба да се дупчат на суво.
40 МАКЕДОНСКИ
Поставете го прстенот за
Осигурете се дека бургијата
. Потоа,

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ddf083

Table of Contents