Makita EA3600F Instruction Manual page 140

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прилагодување на затегнатоста на синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
• Ако синџирот на пилата е премногу лабав, може да отскокне од лентата
и заради тоа претставува ризик од незгода. Ако синџирот на пилата е
премногу лабав, прилагодете го.
• Преголема затегнатост на синџирот на пилата може да предизвика кршење
на синџирот на пилата, абење на лентата за водење и кршење на завртката/
тркалцето за прилагодување.
Синџирот на пилата може да се разлабави по многу часови употреба. Кога
го заменувате синџирот на пилата или по долготрајна употреба, проверете ја
затегнатоста на синџирот на пилата пред употреба. Правилно прилагодениот
синџир на пилата придонесува за добра изведба и долготраен работен век на
алатот.
Затегнатоста на синџирот на пилата е правилно прилагодена ако синџирот
лежи на долната страна од лентата за водење и може лесно да се врти со
рака.
Проверувајте ја често затегнатоста на синџирот, бидејќи новите синџири се
подложни на издолжување со текот на употребата.
За да ја прилагодите затегнатоста на синџирот на пилата, извршете ја
следната постапка:
1. Ослободете ја кочницата на синџирот повлекувајќи го предниот штитник за
рака.
2. (За модел EA3600F) Одвртете ги малку навртките за прицврстување за да го
олабавите капакот на синџирот.
(За модел EA3601F) Притиснете го и целосно отворете го лостот додека
не застане. Свртете го лостот малку налево за да го олабавите капакот на
синџирот.
3. Малку подигнете го врвот од лентата за водење и задржете го.
4. (За модел EA3600F) Вртете ја завртката за прилагодување на синџирот за
да ја прилагодите затегнатоста на синџирот на пилата.
(За модел EA3601F) Вртете го тркалцето за прилагодување на синџирот за
да ја прилагодите затегнатоста на синџирот на пилата.
5. Прилагодувајте ја затегнатоста на синџирот додека долната страна на
синџирот на пилата не влезе во шината на лентата за водење (видете го
кругот во сликата).
При прилагодувањето на затегнатоста на синџирот, подигнувајте го врвот на
лентата за водење.
6. Продолжете да ја држите лентата за водење подигната, и стегнете го
капакот на синџирникот откако ќе ја прилагодите затегнатоста на синџирот.
Држете ја лентата за водење и стегнете го капакот на синџирот откако ќе ја
прилагодите затегнатоста на синџирот.
(За модел EA3600F) Стегнете ги навртките за прицврстување за да го
прицврстите капакот на синџирот.
(За модел EA3601F) Свртете го лостот целосно надесно за да го
прицврстите капакот на синџирот. Потоа, притиснете го и затворете го
лостот.
7. Осигурете синџирот на пилата да не се разлабави од долната страна, туку
да точно да одговара на долната страна од лентата.
140
EA3600F
EA3601F
EA3600F
EA3601F

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents