Makita EA3600F Instruction Manual page 129

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Гориво/полнење гориво
• Запрете го моторот пред да полните гориво во синџирната пила.
• Не пушете и не работете во близина на оган.
• Оставете моторот да се олади пред да почнете со полнење гориво.
• Горивото може да содржи супстанции слични на растворувачи. Треба
да избегнувате очите и кожата да дојдат во допир со производи од
минерални масла. Секогаш носете заштитни ракавици кога полните гориво.
Често чистете ја и заменувајте ја заштитната облека. Не вдишувајте од
испарувањата од горивото. Вдишувањето испарувања од гориво може да
биде опасно по вашето здравје.
• Внимавајте да не ви се истури гориво или масло за синџир. Кога ќе ви се
истури гориво или масло, веднаш исчистете ја синџирната пила. Горивото не
треба да дојде во допир со облеката. Ако вашата облека дошла во допир со
гориво, веднаш пресоблечете се и заменете ја.
• Осигурете да не дојде до навлегување на горивото или масло за синџирот
во почвата (заштита на животната средина). Користете соодветна подлога.
• Полнењето гориво не е дозволено во затворени простории. Испарувањата
од горивото ќе се насоберат во близина на подот (опасност од експлозија).
• Цврсто стегнете ги капачињата со винт на резервоарот за гориво и
резервоарот за масло.
• Променете го местото пред да го стартувате моторот (барем 3 м подалеку од
местото каде сте полнеле гориво).
• Горивото не смее да се чува неограничен временски период. Треба да се
само чува онолкава количина колку што ќе се употреби во блиска иднина.
• Користете само одобрени и означени садови за транспортирање и
складирање гориво и масло за синџирот. Осигурете децата да немаат
пристап до горивото или маслото за синџирот.
Стартување
• Немојте да работите на своја рака. Во близина, мора да е присутно
друго лице за во итен случај (на растојание на кое може да се довикне).
• Осигурете, во работната област да нема деца или други лица. Исто така,
обрнете внимание на животните во работната област.
• Пред да започнете со работа, проверете ги беспрекорното
фунционирање на синџирната пила и безбедноста на работата во
согласност со прописите. Никогаш не користете дефектна синџирна
пила. Особено проверете го функционирањето на кочницата на синџирот,
правилната монтажа на лентата за водење, правилната наостреност и
затегнатост на синџирот, цврстината на монтираниот капак на синџирот,
лесното движење на прекинувачот за гас, функционирањето на блокадата
на прекинувачот за гас, дали се дршките чисти и суви, и дали функционира
исправно комбинираниот прекинувач.
• Ако синџирната пила ви падне или претрпи друг вид удар, веднаш запрете
со користење на алатот и извршете проверка за да идентификувате значајни
оштетувања или дефекти.
• Стартувајте ја синџирната пила само ако е целосно склопена. Никогаш не
користете ја синџирната пила ако не е целосно склопена.
• Проверете ја вашата опрема за лична заштита.
• Стартувајте ја синџирната пила само на начинот што е опишан во ова
упатство за користење. Други методи за стартување не се дозволени.
• Пред да ја стартувате синџирната пила, погрижете се да имате стабилна
потпора со нозете.
• Кога ја стартувате синџирната пила, мора да биде на стабилна површина и
добро да е прицврстена. Лентата за водење и синџирот не смеат да бидат
во допир со никаков предмет.
• Проверете дали маслото за синџирот достигнува до синџирот во доволна
мера.
129
3 метри

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents