Makita EA3600F Instruction Manual page 130

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Работа
• Кога работите со синџирната пила, секогаш држете ја со двете раце.Со
десната рака држете ја задната рачка, а со левата – предната рачка. Држете
ги дршките цврсто такашто вашите палци да бидат свртени кон вашите
прсти.
ВНИМАНИЕ: Откако ќе го отпуштите прекинувачот за гас, синџирот
продолжува да се движи уште кратко време (слободно вртење).
• Погрижете се да имате секогаш цврста потпора со нозете.
• Држете ја синџирната пила така што да не ги вдишувате издувните гасови.
Не работете во затворени простории (опасност од труење).
• Веднаш исклучете ја синџирната пила ако забележите промена во
нејзиното работно однесување.
• Исклучете го моторот пред проверката на затегнатоста на синџирот,
пред затегнувањето на синџирот, пред неговата замена или во текот на
поправката.
• Ако алатот за сечење удри во камења, шајки или други тврди предмети,
веднаш исклучете го моторот и проверете го алатот за сечење.
• Кога престанувате со работа или го напуштате работното место,
исклучувајте ја синџирната пила и оставајте ја на таков начин што никој да
не биде доведен во опасност.
ВНИМАНИЕ: Не поставувајте ја презагреаната синџирна пила врз
сува трева или на какви било запаливи предмети. Издувникот е многу
жежок (опасност од пожар).
• ВНИМАНИЕ: Маслото што капи од синџирот или од лентата за водење
откако синџирот на пилата запрел, ќе ја загади почвата. Секогаш користете
соодветна подлога.
Повратен удар
• Кога работите со синџирната пила, може да настанат опасни повратни
удари.
• Повратен удар настанува кога горниот дел од крајот на лентата за водење
допре дрво или други тврди предмети.
• Тоа предизвикува пилата да биде отфрлена наназад кон корисникот
неконтролирано и со голема сила. Ризик од повреда!
За да избегнете повратен удар, следете ги овие правила:
- Само специјално-обучени лица смее да извршуваат сечење со дупчење,
т.е. дупчење во дрвени материјали со врвот на пилата!
- Никогаш немојте да го принесувате крајот од лентата кога го започнувате
засекот.
- Набљудувајте го секогаш крајот од лентата за водење. Бидете внимателни
кога продолжувате претходно започнат засек.
- Кога започнувате со сечење, синџирот мора да биде во движење.
- Осигурете синџирот да биде секогаш правилно наострен. Обрнете
особено внимание на височината на граничникот за длабочина.
- Никогаш не сечете по неколку гранки истовремено. Кога сечете гранка,
водете сметка да не допрете ниту една друга гранка.
- Кога сечете стебло попречно, водете сметка за стеблата во неговата
близина.
Работно однесување/начин на работа
• Користете ја синџирната пила само при добра светлина и во периоди на
видливост. Бидете претпазливи во лизгави и влажни подрачја, мраз и
снег (опасност од лизгање). Ризикот од потлизнување е многу голем кога
работите на неодамна излупено дрво (кора од дрво).
• Никогаш не работете на нестабилни површини. Осигурете се дека во
работната област нема никакви пречки бидејќи во спротивно, постои ризик
од сопнување. Погрижете се да имате секогаш цврста потпора со нозете.
• Никогаш не сечете над височината на вашите рамена.
• Никогаш не сечете со пилата стоејќи на скала.
• Никогаш не качувајте се на дрвја за таму да сечете со синџирната пила.
• Не посегнувајте предалеку при работата.
• Водете ја синџирната пила така што ниту еден дел од вашето тело да не се
наоѓа на проширената патека на движење на пилата.
• Користете ја синџирната пила само за сечење дрво.
• Избегнувајте да ја допирате земјата со синџирната пила додека работи.
• Никогаш не користете ја синџирната пила за подигање или отстранување
парчиња дрво или други предмети.
• Отстранете ги надворешните материјали, како песок, камења и шајки, од
рамките на работната област. Надворешните предмети може да ја оштетат
пилата и да предизвикаат опасен повратен удар.
• Кога сечете однапред-пресечени стебла, користете безбеден потпирач (клин
за сечење). Не придржувајте го работниот материјал со вашето стапало и не
дозволувајте никој друг да го придржува.
• Прицврстете ги кружните парчиња да не се вртат.
• Одржување
• Полнење гориво
• Острење на
синџирот
130
• Запирање со работа
• Транспортирање
• Исклучување

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents