ЗАБЕЛЕШКА:
Пред поврзување на USB-
уредот со држачот за батерии (со батеријата),
секогаш правете резервна копија на
податоците на USB-уредот. Во спротивно, може
да дојде до губење на податоците.
Држачот за батерии (со батеријата) може да работи
како надворешно напојување за USB-уредите.
Отворете го капакот и поврзете го USB-кабелот (не
е вклучен) со портата за напојување на држачот за
батерии. Потоа поврзете го другиот крај од кабелот со
уредот и вклучете го прекинувачот покрај USB-портата.
Држачот за батерии (со батеријата) испорачува D.C.
5 V, 2,1 A.
► Сл.24: 1. Капак 2. Прекинувач
(Само за DFJ210 / DFJ211 / DFJ310 / DFJ311 /
DFJ410 / DFJ411)
USB-кабелот може да се смести во внатрешноста на
јакната за удобност при користењето на отворот во
џебот и држачот за кабли.
► Сл.25: 1. USB-кабел
НАПОМЕНА: Држачот за батерии може да не
испорачува енергија на некои USB-уреди.
НАПОМЕНА: Кога не го користите или по
полнење, отстранете го USB-кабелот и затворете
го капакот.
НАПОМЕНА: Енергијата на батеријата се
троши додека прекинувачот е вклучен. Секогаш
исклучувајте го прекинувачот кога не се користи.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали јакната
е исклучена и касетата за батерија е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Доколку јакната не се
вклучува или се открие некаков недостаток
со целосно наполнета касета за батерија,
исчистете ги терминалите на држачот за
батерии и касетата за батерија. Доколку јакната
сè уште на работи правилно, престанете да ја
користите и контактирајте со нашиот овластен
сервисен центар.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на вентилаторот
•
Користете чиста крпа за отстранување на
нечистотијата, правот, маслото, маснотијата итн.
•
Не расклопувајте го вентилаторот кога го
чистите.
Чистење на јакната
За сите модели
•
Пред перење, откачете ги вентилаторите и
држачот за батерии од јакната.
•
Следете ги упатствата на ознаката.
•
Памучните производи може да се смалат кога
се перат.
•
Не перете ја јакната со други алишта. Тоа може
да предизвика избледување на бојата или
пренесување на боите.
•
Користете мрежа за перење алишта кога
користите машина за перење.
•
Не користете омекнувач за алишта.
•
Користете само неутрален детергент.
•
По перењето, веднаш извадете ја јакната од
машината за перење.
•
Пред перење, проверете дали сте го затвориле
патентот.
Само за DFJ214
•
Перформансите на деловите на светлосните
рефлектори може да станат послаби со
перењето.
•
Машинско перење на нежен циклус (бројот на
перења е до 5 пати).
•
Бројот на перења не е единствениот фактор
што одлучува за трајноста на јакната.
•
Траењето на јакната се менува зависно од тоа
како се користи, како се чува и од начинот на
складирање.
•
Доколку се расипат делови од светлосниот
рефлектор или облеката, заменете со нова
јакна.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Држач за батерии
•
Комплет филтри
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
46 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци