Makita DFJ210 Instruction Manual page 41

Cordless fan jacket/cordless fan vest
Hide thumbs Also See for DFJ210:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Симболи
За производот, се користат некои од следниве
симболи. Осигурете се дека сте го разбрале нивното
значење пред употребата.
Прочитајте го упатството за користење.
Машинско перење на температура под
30 °C на благ циклус.
Машинско перење на температура под
40°C на благ циклус.
Машинско перење во домашни или
комерцијални машини на нежен циклус.
Не користете белило.
Се суши во сенка.
Не исцедувајте ја течноста.
Се пегла на ниски температури (да не се
надминат 110 °C).
Се пегла на средно високи температури
(да не се надминат 150 °C).
Не се пегла.
Не се чисти хемиски.
Не сушете во машина за сушење.
Само за земјите на ЕУ
Ni-MH
Li-ion
Не фрлајте ја електричната опрема
или батеријата заедно со домашниот
отпад! Земајќи ги предвид европските
директиви за отпадна електрична и
електронска опрема и за батерии,
акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори и нивното спроведување
во согласност со националните закони,
електричната опрема и батериите на
крајот на нивниот работен век мора да
се собираат одделно и да се вратат во
еколошки објект за рециклирање.
Наменета употреба
Јакната со вентилатор е наменета за ладење на
телесната температура.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
1.
Никогаш не користете ја јакната со
вентилатор кога температурата ќе достигне
повеќе од 50 °C (122 °F). Одбегнувајте
користење при голема влажност. Тоа може
да предизвика изгореници.
2.
Не носете ја јакната на гола кожа.
3.
Не користете ја јакната кога сте под дејство
на дрога, алкохол или на лекови.
4.
Не спијте додека ја носите јакната со
вентилатор. Наглото паѓање на телесната
температура може да му наштети на здравјето.
5.
Децата, хендикепираните лица или секој
што е нечувствителен на температура,
на пример, некој со слаба циркулација на
крвта, треба да се воздржат од користење
на јакната.
6.
Овој уред не е наменет за медицинска
употреба во болниците.
7.
Не користете ја јакната за други цели освен
за онаа за која е наменета.
Доколку почувствувате нешто необично,
8.
исклучете ја јакната и веднаш отстранете го
држачот за батерии.
9.
Доколку се открие каква било аномалија,
контактирајте со локалниот сервисен
центар за поправка.
10. Не газете врз јакната со вентилатор, не
фрлајте ја и не злоупотребувајте ја на ниту
еден друг начин.
11.
Не ставајте го прстот или некој туѓ предмет
во вентилаторот.
12. Не дувајте компримиран воздух кон
вентилаторот. Не ставајте мали стапчиња
во вентилаторот. Тоа може да го оштети
вентилаторот и моторот.
13. Не вклучувајте ја јакната со вентилатор,
освен ако не ја носите.
14. Не користете ја јакната со вентилатор на
места каде што може да се создаде оган
или искрење. Вентилаторот лесно може да
се запали или да искри и да предизвика пожар
или изгореници.
15. За континуирана употреба, изберете
соодветна брзина на вентилаторот во
согласност со средината каде што се
користи.
41 МАКЕДОНСКИ
Прочитајте ги сите

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents