Makita DFJ210 Instruction Manual page 45

Cordless fan jacket/cordless fan vest
Hide thumbs Also See for DFJ210:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА:
Јакната со вентилатор е
ефикасна кога влажноста и температурата
на доводот на воздух се пониски од оние на
телесната површина. Јакната со вентилатор
може да не биде ефикасна доколку
температурата на воздухот и/или влажноста се
повисоки од оние во внатрешноста на јакната.
Копче за напојување
За вклучување на јакната, притиснете го и држете
го копчето за напојување на држачот за батерии
(опционален додаток). Јакната се стартува при
голема брзина на воздухот. Секогаш кога ќе го
допрете копчето за напојување, брзината на
воздухот се менува од голема во средна, средна во
мала и мала во голема. Индикаторот за брзина на
воздухот ја покажува тековната брзина на воздухот.
► Сл.16: 1. Индикатор за брзина на воздухот
2. Копче за напојување
За исклучување, повторно притиснете го и задржете
го копчето за напојување.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.17: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
(Само за батерии од 14,4 V и 18 V)
(Само за батерии од 14,4 V и 18 V)
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
45 МАКЕДОНСКИ
Систем за заштита на батеријата
Овој уред е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Доколку преостанатиот капацитет на батеријата е
премал, алатот нема да работи. Кога го вклучувате
алатот, моторот ќе работи уште малку, но набрзо
запира. Во оваа ситуација, извадете ја и наполнете
ја касетата за батерија.
Турбо копче
Со притискање на турбо копчето на држачот за
батерии, јакната работи во турбо режим за брзо
ладење. Турбо режимот трае минута, а потоа
брзината на воздухот се враќа во нормала.
► Сл.18: 1. Турбо копче
Проток на воздухот
Само за DFJ210 / DFJ211 / DFJ310 / DFJ311 /
DFJ410 / DFJ411
За одржување стабилен проток на воздухот,
затворете го копчето на јаката на јакната. Затворете
го копчето на лентата за подобар проток на воздухот
во грбот.
► Сл.19: 1. Лента
Протокот на воздухот во внатрешноста на јакната е
прикажан подолу.
► Сл.20
Кај јакни со качулка, носете ја качулката над шлем.
Воздухот од вентилаторот поминува преку шлемот и
ви ја лади главата.
► Сл.21
Џеб за батерии
Во внатрешноста на јакната има џеб за чување
на држачот за батерии (со батерија). Поврзете го
кабелот за напојување со држачот за батерии, а
потоа ставете го во џебот и закопчајте ги копчињата.
► Сл.22
Мрежест џеб
Само за DFJ210 / DFJ211 / DFJ310 / DFJ311 /
DFJ410 / DFJ411
На задниот дел од јакната се обезбедени мрежести
џебови за чување на пакувањата со мраз.
► Сл.23: 1. Мрежест џеб
Поврзување USB-уреди
ВНИМАНИЕ:
Поврзувајте само уреди
што се компатибилни со USB-портата за
напојување. Во спротивно, може да дојде до
дефект на држачот за батерии.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents