Makita DFJ210 Instruction Manual page 44

Cordless fan jacket/cordless fan vest
Hide thumbs Also See for DFJ210:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МОНТИРАЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
уредот пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батерија.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги држачот за батерии
и касетата за батерија цврсто кога ја монтирате
или отстранувате касетата за батерија. Ако не
ги држите цврсто држачот за батерии и касетата за
батерија, тие може да се лизнат од вашите раце и
да дојде до нивно оштетување, како и до телесна
повреда.
► Сл.4: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија 4. Држач за батерии (опционален
додаток)
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Секогаш вметнувајте ја
касетата за батерија до крај додека не се блокира во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако
можете да го видите црвениот индикатор на горната
страна од копчето, тоа значи дека не е целосно
блокирана во место.
За да ја извадите касетата за батерија, повлечете ја
од држачот за батерии додека го притискате копчето
на предната страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, касетата
за батерија може случајно да испадне од држачот
за батерии, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батерија на сила. Ако касетата за
батерија не може да се лизне лесно, тоа значи
дека не е поставена правилно.
Закачување на држачот за батерии
Држачот за батерии може да го закачите на каишот.
За да се спречи случајното паѓање на држачот за
батерии, закачете лента користејќи го отворот за
ленти и обезбедете го.
► Сл.5: 1. Отвор за ленти
За држачи за батерии од 18 V и 14,4 V
Држачот за батерии има функција што спречува
паѓање. Кога го отстранувате држачот за батерии од
каишот, повлечете го нагоре додека го притискате
копчето за одблокирање.
► Сл.6: 1. Копче за одблокирање
Монтирање или вадење на вентилаторот
1.
(Само за DFJ212 / DFJ213 / DFJ214 / DFV210)
Отворете го патентот пред монтирање или вадење
на вентилаторот.
► Сл.7
2.
Свртете го прстенот налево додека ја
подигнувате куката на него. Отстранете го прстенот
кога ознаката на прстенот ќе се порамни со отворот
на вентилаторот.
► Сл.8: 1. Вентилатор 2. Прстен 3. Кука 4. Отвор
5. Ознака
3.
Поминете ја главата на вентилаторот во отворот
на јакната. Поставете го прстенот на вентилаторот и
вртете го надесно додека ознаката на прстенот не се
порамни со ознаката понатаму од отворот.
► Сл.9: 1. Ознака 2. Прстен 3. Вентилатор
4.
Поминете ја лентата низ јамката на
вентилаторот и затворете го патент-копчето.
► Сл.10: 1. Лента
5.
Закачете го другиот вентилатор на јакната на
истиот начин.
6.
Поврзете го кабелот за напојување со
вентилаторите. Поддржете го кабелот со помош на
држачот за кабли.
За моделот DFJ210 / DFJ211 / DFJ310 / DFJ311 /
DFJ410 / DFJ411
► Сл.11: 1. Кабел за напојување 2. Држач за кабли
За моделот DFJ212 / DFJ213 / DFJ214 / DFV210
► Сл.12: 1. Кабел за напојување 2. Отвор 3. Држач
за кабли
7.
(Само за DFJ212 / DFJ213 / DFJ214 / DFV210)
Затворете го патентот по монтирање или вадење на
вентилаторот.
8.
Поврзете го другиот крај на кабелот за
напојување со држачот за батерии.
► Сл.13: 1. Држач за батерии
ВНИМАНИЕ:
патент-копчето за да го зацврстите вентилаторот
на јакната. Доколку вентилаторот падне, може да
предизвика повреда или да се оштети.
Кога ќе го отстранувате, следете ја постапката за
монтирање по обратен редослед.
Закачување на комплетот филтри
Опционален прибор
Комплетот филтри го штити вентилаторот од прашина
и прав. Ви препорачуваме да го користите комплетот
филтри на работно место исполнето со прашина или прав.
Вметнете го приклучокот за филтер помеѓу јакната и
вентилаторот, како што е прикажано на сликата.
► Сл.14: 1. Прстен 2. Отвор во јакната 3. Приклучок
за филтер 4. Вентилатор 5. Филтер
Додека го затегнувате прстенот, запрете го на
ознаката близу до отворот на вентилаторот.
Откако сте ги закачиле вентилаторите, покријте ги
приклучоците за филтри со филтри.
► Сл.15: 1. Ознака 2. Отвор
ЗАБЕЛЕШКА:
целосно го покрива приклучокот за филтер.
За подобра заштита од прашина и прав,
пикнете го работ од филтерот помеѓу јакната и
приклучокот за филтер.
44 МАКЕДОНСКИ
Секогаш користите ги лентата и
Проверете дали филтерот

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents