Makita EM2600U Original Instruction Manual page 94

Hide thumbs Also See for EM2600U:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
– Стартувајте ја косилката/тримерот само во согласност со упатствата. Не
користете никаков друг начин за стартување на моторот!
– Косилката/тримерот и алатите користете ги само за назначените намени.
– Стартувајте го моторот на косилката/тримерот само откако опремата
целосно ќе биде склопена. Немојте да ракувате со опремата додека не се
прикачат сите соодветни додатоци.
– Пред стартувањето, осигурете се дека алатот за сечење не е во допир со
тврди предмети како што се гранки, камења итн бидејќи алатот за сечење ќе
почне да врти откако ќе се стартува.
– Веднаш исклучете го моторот доколку настане каков било вид на
проблем со моторот.
– Ако алатот за сечење удри во камења или други тврди предмети, веднаш
исклучете го моторот и проверете го алатот за сечење.
– Проверувајте го алатот за сечење на кратки редовни временски
интервали за оштетувања (проверете дали има ситни пукнатини со
помош на тестот со допир).
– Ракувајте со косилката/тримерот само откако ќе го прикачите и
прилагодите ременот за рамо на соодветната должина. Ременот за рамо
мора да биде прилагоден на големината на корисникот и прицврстен за
да се спречи замор за време на ракувањето со опремата. Никогаш не
држете ја косилката со една рака за време на нејзината употреба.
– Додека ја користите, секогаш држете ја косилката/тримерот со двете
раце.
Секогаш осигурете се да имате безбедна потпора со нозете.
– Работете со косилката/тримерот на таков начин што да избегнете
вдишување на издувните гасови. Никогаш немојте да го стартувате
моторот во затворена просторија, како на пример во соба (ризик од
труење со гасови). Јаглерод моноксид е гас без мирис.
– Исклучувајте го моторот секогаш кога се одмарате или кога имате намера
да ја оставите косилката/тримерот без Ваше присуство, и поставете ја на
безбедно место за да спечите повреда на другите луѓе и оштетување на
опремата.
– Никогаш на оставајте ја загреаната косилка/тример врз сува трева или кој
било други запаливи материјали.
– Алатот за сечење мора секогаш да биде опремен со соодветен штитник.
Никогаш не стартувајте ја косилката без овој штитник!
– Сите заштитни елементи и штитници испорачани со опремата мора да се
користат за време на работата.
– Никогаш не стартувајте го моторот ако пригушувачот за издувни гасови е
неисправен.
– Исклучете го моторот за време на транспортот.
– Кога ја транспортирате опремата, секогаш поставувајте го капакот на
сечилото.
– Осигурете се косилката/тримерот да е поставена безбедно за време на
транспортот за да се избегне истекување на горивото.
– Кога ја транспортирате косилката/тримерот, осигурете се резервоарот за
гориво да е целосно испразнет.
– Кога ја растоварате косилката/тримерот од камион или слично возило,
никогаш не испуштајте го моторот на земја бидејќи на тој начин може да
се оштети резервоарот за гориво.
– Освен во итни случаи, никогаш немојте да ја испуштате или фрлате
косилката/тримерот на земја бидејќи на тој начин косилката/тримерот
може сериозно да се оштети.
– Секогаш подигнувајте ја целата опрема од земјата кога ја пренесувате.
Влечењето на опремата по нејзиниот резервоар за гориво е многу опасно
и може да предизвика резервоарот да протече, што пак може да
предизвика пожар.
– Ако опремата се здобие со тежок удар или пад, проверете ја нејзината
состојба пред да продолжите со работа. Проверете дали во системот за
гориво има протекувања, и проверете ги контролите и безбедносните
уреди за дефекти. Доколку има какво било оштетување или сомнеж,
побарајте проверка и поправка од наш овластен сервисен центар.
Полнење гориво
– Исклучете го моторот за време на полнењето гориво, држете се настрана
од оган и не пушете.
– Внимавајте производи од минерални масла да не дојдат во допир со
кожата. Не вдишувајте пареа од горивото. Секогаш носете заштитни
ракавици за време на полнењето гориво. Менувајте ја и перете ја
заштитната облека на редовни временски интервали.
– За да спречите загадување на почвата (заштита на животната средина),
внимавајте да на ви се истури гориво или масло на земјата. Ако сепак ви
се истури гориво, веднаш исчистете ја косилката/тримерот.
– Внимавајте горивото да не дојде во допир со Вашата облека. Ако
горивото сепак дојде во допир со Вашата облека, пресоблечете се
веднаш за да спречите пожар.
– Проверувајте го капачето за горивото на редовни временски интервали
осигурувајќи дека може сигурно да се затвори и дека не протекува.
– Внимателно стегнете го капачето на резервоарот за гориво. Штом ќе
завршите со полнењето гориво, преместете се на локација најмалку 3
метри оддалечена од местото каде сте го вршеле полнењето пред да го
стартувате моторот.
• Одмарање
• Транспортирање
• Полнење гориво
• Одржување
• Замена на алат
94
3 м

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em2600l

Table of Contents