Упатства За Сервисирање - Makita EM2600U Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EM2600U:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
– Вметнете ја жицата низ окцата за да излезе од куќиштето.
Монтирајте ги шајбната, пружината и намотката во куќиштето.
– Порамнете ги куките на капакот и куќиштето.
Потоа турнете го капакот цврсто врз куќиштето за да го прицврстите.
Упатства за сервисирање
Упатства за сервисирање
ВНИМАНИЕ: Пред да пристапите кон изведување какви било работи за
одржување на косилката, секогаш исклучувајте го моторот и
откачувајте ја спојката од свеќичката (видете „проверка на
свеќичката").
Секогаш носете заштитни ракавици.
ВНИМАНИЕ: Никогаш сами не отстранувајте го рачниот стартер. Во
спротивно може да дојде до незгода. Оваа процедура треба
исклучиво да се изврши од страна на овластен сервисен
агент.
За да се осигура долг работен век и за да се избегнат какви било оштетувања на опремата, редовно извршувајте ги следниве операции
за одржување.
Дневни проверки и одржување
– Пред да започнете со работа, проверете дали на опремата има олабавени завртки или делови што недостигаат. Обрнете особено
внимание на прицврстеноста на сечилото или главата за сечење со најлон.
– Пред да започнете со работа, секогаш проверувајте и осигурувајте се дека каналот за проток на воздух и отворите за вентилација на
цилиндарот не се затнати.
Исчистете ги ако е потребно.
– Следниве операции за одржување извршувајте ги секојдневно по употребата:
• Исчистете ја надворешноста на косилката и проверете дали има оштетувања.
• Исчистете го филтерот за воздух. Кога работите во многу прашливи услови, чистете го филтерот неколку пати на ден.
• Проверете дали има оштетувања на сечилото или главата за сечење со најлон, и осигурете се дека е добро монтирано.
• Проверете дали има доволна разлика помеѓу брзината во празен од и работната брзина за да се осигурате дека алатот за сечење е
во запрена положба кога моторот е во празен од (ако е потребно, намалете ја брзината во празен од).
Ако алатот за сечење продолжува да врти кога е во празен од, побарајте помош од најблискиот овластен сервисен агент.
– Проверете дали функционираат прекинувачот I-Stop (on/off)/Start-Stop, рачката за заклучување, контролната рачка и копчето за
заклучување.
Исчистете го прочистувачот на воздухот (филтерот)
– Свретете ја рачката за саух (4) на целосно затворената страна, и
одржувајте го карбураторот чист од прашина или нечистотии.
– Извадете ја завртката (1).
– Извадете го капакот на прочистувачот на воздухот (3).
– Извадете го сунѓерестиот елемент (2), измијте го со млака вода и
исушете го целосно.
– По чистењето, повторно поставете го капакот на прочистувачот на воздух
(3) и прицврстете го со завртката (1).
НАПОМЕНА: Ако има прекумерни количини прашина залепена за
прочистувачот на воздух, чистете го секојдневно. Затнатиот
прочистувач на воздух може да го направи стартувањето на
моторот тешко или невозможно, или да го направи
зголемувањето на брзината на вртење на моторот тешко или
невозможно.
(1)
107
Капак
Кука
Кука
(3)
Окце
Окце
(4)
(2)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em2600l

Table of Contents