Безбедносни Упатства - Makita EM2600U Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EM2600U:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедносни упатства
Општи упатства
– За да осигурате правилно работење, прочитајте го и во целост разберете
го ова упатство за да се запознаете со тоа како се користи косилката/
тримерот. Користењето на оваа опрема без да се разбере како се ракува
со неа правилно може да резултира со сериозни повреди вам и на
другите.
– Позајмувајте ја косилката/тримерот само на лица кои имаат докажано
искуство со косилки/тримери. Секогаш давајте им го и ова упатство.
– Ако ова е прв пат да користите косилка со мотор, консултирајте се со
вашиот продавач за основни упатства.
– На децата и лицата помлади од 18 години не смее да им се дозволи да
ракуваат со косилката/тримерот. Лицата постари од 16 години, сепак
може да го користат уредот за цели на обука само ако се под надзор на
стручно лице за обука.
– Користете ги косилките/тримерите со голема нега и внимание.
– Работете со косилката/тримерот само ако сте во добра физичка состојба.
Сите работи изведувајте ги смирено и внимателно. Корисниците мора да
преземат одговорност за лицата што се наоѓаат околу нив.
– Никогаш немојте да ја користите косилката/тримерот откако сте
конзумирале алкохол или лекови, или ако се чувствувате уморни или
болни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оваа машина произведува електромагнетно поле
при работата. Ова поле може, под некои околности, да создаде пречки на
активни и пасивни медицински импланти. За намалување на ризикот од
сериозни или фатални повреди, ние препорачуваме лицата со медицински
импланти да ги консултираат својот лекар и производителот на
медицинскиот имплант пред да ја употребат машината.
Намена на опремата
– Косилката/тримерот е наменета само за косење трева, плевел, грмушки
и други слични растенија, и не смее да се користи за какви било поинакви
намени како на пример потсекување рабови на ограда, бидејќи може да
дојде до повреда.
Опрема за лична заштита
– Секогаш носете облека што е и функционална и соодветна на вашата
работа, т.е. да ви прилега тесно, но не претесно за да ги попречува
вашите движења. Немојте да носите накит или облека што може да се
заплетка во грмушки или џбунови.
– За да избегнете повреди на главата, очите, рацете или стапалата, како и
за да го заштитите својот слух, за време на работењето со косилката/
тримерот, мора да се користи следнава заштитна опрема и заштитна
облека.
– Секаде каде што има ризик од разлетани предмети, носете заштитен
шлем. Заштитниот шлем (1) треба да се проверува на редовни
временски интервали дали има оштетувања и треба да се замени
најдоцна по 5 години. Користете само одобрени заштитни шлемови.
– Штитникот (2) на шлемот (или алтернативно, заштитните очила) го штити
лицето од разлетани отпадни материјали и камчиња. За време на
работењето со косилката/тримерот, секогаш носете заштитни очила или
штитник за да спречите повреда на очите.
– Носете адекватна опрема за заштита од бучава за да избегнете
оштетување на слухот (ушници (3), тампони за уши итн).
– Заштитното работно одело (4) штити од разлетани камчиња и отпадоци.
Цврсто препорачуваме корисникот да носи работно заштитно одело.
– Специјалните ракавици (5), направени од дебела кожа, се дел од
пропишаната опрема и мора да се носат секој пат кога се работи со
косилката/тримерот.
– Кога ја користите косилката/тримерот, секогаш носете тврди чевли (6) со
ѓонови што не се лизгаат. Таквите чевли штитат од повреди и осигуруваат
стабилна положба со нозете.
Останати ризици
– Дури и ако машината се користи како што е пропишано, не е можно да се
елиминираат сите преостанати фактори на ризик. Следниве опасности
може да настанат во врска со конструкцијата и дизајнот на машината:
1. Оштетување на белите дробови ако не се носи ефикасна маска за
заштита од прашина.
2. Оштетување на слухот ако не се носи ефикасна заштита за слух.
3. Оштетувања на здравјето што резултираат од вибрациите ако
машината се користи подолг временски период, или со неа не се
управува адекватно и не се одржува соодветно.
Стартување на косилката
– Ве молиме осигурете се да нема деца или други луѓе во работниот опсег
од 15 метри (50 стапки) и обрнете внимание на животните во близина на
работното место.
– Пред употребата, секогаш проверувајте дали косилката/тримерот е
безбедна за работа:
Проверете дали алатот за сечење е безбеден, дали контролната рачка
работи лесно и дали контролната рачка за заклучување работи
правилно.
– Ротирањето на алатот за сечење за време на празен од е забрането.
Проверете со вашиот продавач ако мислите дека опремата има потреба
од прилагодување. Проверете за да се уверите дека дршките се чисти и
суви, и дека прекинувачот за вклучување/исклучување функционира
правилно.
(2)
Дијаграм
15 метри
93
(1)
(3)
(4)
(5)
(6)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em2600l

Table of Contents