Makita UR016G Instruction Manual page 91

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for UR016G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: користењето на овој
7.
производ може да создаде прав што содржи
хемикалии коишто можат да предизвикаат
респираторни или други болести.
Некои примери за овие хемикалии се
соединенијата што се наоѓаат во пестициди,
инсектициди, ѓубрива и хербициди. Ризикот
од изложувањето зависи од тоа колку често
работите работи од ваков тип. За да ја
намалите изложеноста на овие хемикалии:
работете во добро проветрени области и
со одобрена сигурносна опрема, како маски
за прав што се специјално направени за да
филтрираат микроскопски честички.
Безбедност на електричните
делови и батеријата
Не изложувајте го алатот на дожд или
1.
влажни услови. Ако навлезе вода во алатот,
тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
Не користете го алатот ако прекинувачот не
2.
може да се вклучи и исклучи. Секој алат што
не може да се контролира со прекинувачот е
опасен и мора да се поправи.
Спречете ненамерно стартување. Уверете
3.
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред ставање батерија, подигање
или носење на алатот. Носењето на алатот
со прстот на прекинувачот или со вклучен
прекинувач е причина за несреќи.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
4.
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
5.
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
6.
влажни места.
Избегнувајте опасно опкружување. Не
7.
користете го алатот на влажни места и не
изложувајте го на дожд. Ако навлезе вода
во алатот, тоа може да го зголеми ризикот од
струен удар.
Не полнете ја батеријата надвор.
8.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
9.
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
10. Не заменувајте ја батеријата со влажни раце.
Не заменувајте ја батеријата на дожд.
11.
12. Не влажете ги терминалите на батеријата
со течности како вода и не потопувајте
ја батеријата во вода. Не оставајте ја
батеријата на дожд и немојте да ја полните,
користите или складирате батеријата на
влажни места. Ако се навлажат терминалите
или навлезе течност во батеријата, може да
дојде до краток спој на батеријата и тогаш
постои ризик од прегревање, пожар или
експлозија.
13. Откако ќе ја отстраните батеријата од алатот
или полначот, прикачете го капакот на
батеријата и складирајте го на суво место.
14. Доколку касетата за батерија се наводени,
исцедете ја водата од внатрешноста, а
потоа избришете ја со сува крпа. Комплетно
исушете ја касетата за батерија на суво
место пред употребата.
15. Кога го користите алатот на каллива земја,
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
Стартување
Пред да го склопите или приспособите
1.
алатот, извадете ја касетата за батерија.
Пред да ракувате со сечилото, ставете
2.
заштитни ракавици.
Пред да ја ставите касетата за батерија,
3.
проверете дали на алатот има оштетувања,
лабави шрафови/навртки или неправилно
склопување. Ако сечилото е истапено,
наострете го. Ако сечилото е свиткано или
оштетено, заменете го. Проверете дали
сите контролни лостови и прекинувачи
функционираат исправно. Исчистете ги и
исушете ги рачките.
Никогаш не обидувајте се да го вклучите
4.
алатот ако е оштетен или ако не е целосно
склопен. Во спротивно, може да настане
тешка повреда.
Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
5.
рака да одговараат на големината на телото
на операторот.
Кога вметнувате касета за батерија, држете
6.
го додатокот за сечење подалеку од вашето
тело и другите предмети, вклучувајќи ја
земјата. Може да започне да врти кога ќе се
стартува и може да предизвика повреда или
оштетување на алатот и/или имотот.
Извадете ги клучот за нагодување, другите
7.
клучеви и капакот на сечилото пред да го
вклучите алатот. Додатокот оставен прикачен
на подвижен дел од алатот може да доведе до
телесна повреда.
Алатот за сечење мора секогаш да биде
8.
опремен со штитник. Никогаш не работете
со алатот со оштетени штитници или без
поставени штитници!
Внимавајте да нема електрични кабли,
9.
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
Работење
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
1.
Ако чувствувате каква било необична
2.
состојба (на пример бучава, вибрации) при
работата, исклучете го алатот и извадете
ја касетата за батеријата. Не користете го
алатот додека не се открие причината и
разреши дефектот.
Додатокот за сечење продолжува да врти
3.
кратко време откако алатот ќе се исклучи. Не
брзајте да го допрете додатокот за сечење.
При работењето, користете го ременот за
4.
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
91 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ur017g

Table of Contents