Makita HS004G Instruction Manual page 88

Hide thumbs Also See for HS004G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Кога температурата на батеријата е ниска,
алатот може да не работи со полн капацитет. Во таков случај,
на пример, користете го алатот за полесно сечење одредено
време додека батеријата не се загрее до собна температура.
Потоа, алатот може да работи со својот полн капацитет.
► Сл.29
Цврсто држете го алатот. Алатот има предна и задна рачка.
Користете ги обете за добар фат на алатот. Ако пилата се држи со
двете раце, сечилото на циркуларната пила не може да ги исече.
Поставете ја основата врз материјалот што ќе го сечете, така
што сечилото на циркуларната пила нема да го допира. Потоа,
вклучете го алатот и почекајте додека сечилото на циркуларната
пила не достигне максимална брзина. Движете го алатот
нанапред преку површината на работниот материјал, држејќи го
рамно и напредувајќи полека додека не заврши пилењето.
За чисти засеци, одржувајте ја линијата на пилење права и
брзината на напредувањето рамномерна. Ако засекот не ја
следи вашата планирана линија на сечење, не обидувајте се
да го присилите алатот назад на оригиналната линија. На тој
начин може да дојде до лепење на сечилото на циркуларната
пила и да се предизвика опасен повратен удар и можна
тешка повреда. Отпуштете го прекинувачот, почекајте
сечилото на циркуларната пила да запре и потоа повлечете
го алатот. Одново порамнете го алатот на нова линија на
сечење и повторно започнете со сечење. Обидувајте се
да избегнувате положби кои го изложуваат операторот на
распрскувачки отпадоци од сечењето што ги исфрла пилата.
Користете заштита за очите за да спречите повреда.
Надолжен потпирач (шина-водилка)
ВНИМАНИЕ:
Пред употреба, уверете се дека
надолжниот граничник е безбедно монтиран во
правилната положба. Несоодветен приклучок може
да предизвика опасен повратен удар.
► Сл.30: 1. Надолжен потпирач (шина-водилка)
2. Клемаста завртка
Практичниот надолжен граничник овозможува
рамно сечење со посебна прецизност. Едноставно
притиснете го потпирачот од страната на
материјалот и прицврстете го во таа положба со
завртката за стегање од предниот дел на основата.
Тоа овозможува и изведување прави засеци со
еднообразна ширина повеќе пати.
Шина-водилка
Опционален прибор
Ставете го алатот на задната страна од шината-водилка.
Завртете ги двата шрафа за нагодување на основата на
алатот, така што алатот ќе се лизга мазно без врева. Држете
ги цврсто предната дршка и задната рачка од алатот.
Вклучете го алатот и пресечете го штитникот од расцепување
по целата должина со едно засекување. Сега работ на
штитникот од расцепување одговара на работ за сечење.
► Сл.31: 1. Шрафови за нагодување
Кога вршите надолжно косо сечење со шината-
водилка, користете го лизгачкиот лост за да
спречите паѓање на алатот.
Поместете го лизгачкиот лост на основата на алатот
во насока на стрелката, така што ќе влезе во жлебот
на засекот во шината-водилка.
► Сл.32: 1. Лизгачки лост
Поврзување со јаже (лента за
прицврстување)
Посебни безбедносни предупредувања за
користење на висина
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања
и упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата
и упатствата, може да дојде до сериозни повреди.
Секогаш држете го алатот прицврстен кога
1.
работите „на висина". Максимална должина
на јажето е 2 м (6,5 стапки).
Максималната дозволена висина на пад на
јажето (лентата за прицврстување) не смее
да надмине 2 м (6,5 стапки).
Користете само јажиња што се соодветни за овој
2.
тип алат и проценети за најмалку 7,0 кг (15,4 lbs).
Не зацврстувајте го јажето од алатот со
3.
ниту еден дел на телото или на подвижните
компоненти. Зацврстете го јажето од алатот
на цврста структура што може да ги издржи
силите на паднатиот алат.
Пред употреба, проверете дали јажето е
4.
правилно затегнато на секој крај.
Пред секоја употреба, проверете
5.
дали алатот има оштетувања и дали
функционира правилно (вклучувајќи ги
платното и шевовите). Не користете ако е
оштетен или ако не функционира правилно.
Не виткајте ги јажињата ниту дозволувајте да
6.
дојдат во допир со остри или груби рабови.
Зацврстете го другиот крај од јажето надвор
7.
од работниот простор, така што алатот што
паѓа ќе биде добро прицврстен.
Прикачете го јажето, така што алатот ќе
8.
се оддалечи од операторот ако падне.
Паднатите алати ќе се нишаат на јажето, што
може да предизвика повреда или губење на
рамнотежата.
Не користете го во близина на подвижни
9.
делови или машинерија што работи. Во
спротивно, тоа може да резултира со опасност
од кршење или заплеткување.
10. Не носете го алатот со додадениот уред или јажето.
Пренесувајте го алатот само со рацете
11.
додека држите соодветна рамнотежа.
12. Не прикачувајте ги јажињата на алатот
на начин што ќе ги спречи штитниците,
прекинувачите или одблокирањата да
работат правилно.
13. Избегнувајте заглавување во јажето.
14. Држете го јажето настрана од областа каде
што се сече со алатот.
15. Користете карабинери со повеќе дејства и
со тип шрафови со затворање. Не користете
карабинери со едно дејство со клипови со
пружини.
16. Во случај кога алатот ќе падне, тој мора
да се означи и да се отстрани од работа
и треба да го провери фабричкиот или
овластениот сервисен центар на Makita.
► Сл.33: 1. Отвор за јажето (лентата за
прицврстување)
88 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents