Makita TD110D Instruction Manual page 32

Hide thumbs Also See for TD110D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ: Секогаш исклучувајте го алатот
пред ставањето или вадењето на касетата за
батеријата.
ВНИМАНИЕ: Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
►Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета
за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ: Секогаш монтирајте ја касетата
за батеријата целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ: Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што предизвикува
тој да повлекува ненормално висока електрична
енергија.
Во оваа ситуација, отпуштете го прекинувачот на
алатот и прекинете со примената која предизвикала
преоптовареност на алатот. Потоа, повторно
повлечете го прекинувачот за да го рестартирате
алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана.
Во оваа ситуација, оставете батеријата да се олади
пред повторно да го повлечете прекинувачот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал
и алатот не може да работи. Ако го повлечете
прекинувачот, моторот работи уште малку, но набрзо
запира. Во оваа ситуација, извадете ја и наполнете
ја батеријата.
32 МАКЕДОНСКИ
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за касети за батерии со „B" на крајот од бројот
на моделот
►Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Вклучување
►Сл.3: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ: Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
Вклучување на предната ламба
►Сл.4: 1. Ламба
ВНИМАНИЕ: Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Прекинувач за обратна акција
►Сл.5: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
Преостанат
капацитет
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents