Makita 2012NB Instruction Manual page 36

Thicknesser
Hide thumbs Also See for 2012NB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вадење на ножевите
Олабавете ја рачната завртка која го прицврстува
капакот за струганици и извадете го капакот за
струганици. Извадете ги завртките кои го прицврстуваат
капакот од десната страна. Потоа, извадете го
капакот од десната страна. Вртете ја макарата
додека резервоарот не се блокира во позиција во која
завртките за монтирање на ножот се свртени нагоре.
► Сл.8: 1. Плоча за блокирање 2. Макара
3. Резервоар 4. Синџир 5. Тапа навртка
Само за ножеви за еднократна
употреба
Поставете ги двата магнетни држачи на плочата за
поставување и туркајте ги во насока на стрелката додека
шепата не дојде во допир со ножот. Извадете ги шесте
завртки за монтирање на ножот со помош на насадниот
клуч. Фатете ги магнетните држачи и подигнете ги нагоре
за да ги извадите плочата за поставување и ножот од
резервоарот. Притиснете ја плочата за блокирање и
свртете ја макарата за 180° за да го блокирате резервоарот.
Извадете го другиот нож како што е опишано погоре.
► Сл.9: 1. Завртки за монтирање на ножот
2. Плоча за поставување 3. Магнетен
држач 4. Резервоар 5. Сечило 6. Шепа
► Сл.10: 1. Насаден клуч 2. Магнетни држачи
Само за стандардни ножеви
Извадете ги шесте завртки за монтирање со помош на
насадниот клуч. Подигнете ги плочата за поставување и
ножот нагоре за да ги извадите од резервоарот. Притиснете
ја плочата за блокирање и свртете го резервоарот
со вртење на макарата за 180° за да го блокирате
резервоарот. Извадете го другиот нож како што е опишано
погоре. Извадете ја плочата за поставување од ножот.
► Сл.11: 1. Насаден клуч 2. Плоча за блокирање
3. Завртка за монтирање на ножот
► Сл.12: 1. Плоча за поставување
Монтирање на ножевите
ВНИМАНИЕ:
Користете го само испорачаниот насаден
клуч Makita за стегнување на завртките
за монтирање на ножот. Ако се користи
поинаков насаден клуч, може да дојде до
престегнување или недоволно стегнување на
завртките, што може да резултира со тешка
повреда.
Само за ножеви за еднократна употреба
Обезбедете рамна дрвена штица со приближна должина
од 300 мм и приближна широчина од 100 мм. Поставете
ги ножот и плочата за поставување на дрвената
штица така што клемата на плочата за поставување
за фиксирање на ножот да лежи во жлебот на ножот.
Прилагодете ја плочата за поставување така што
обата краја од ножот да стрчат приближно по 1 мм зад
крајот на плочата за поставување. Поставете ги двата
магнетни држачи на плочата за поставување и туркајте
ги додека шепата не дојде во допир со ножот.
► Сл.13: 1. Магнетен држач 2. Плоча за
поставување 3. Сечило
Фатете го магнетниот држач и лизнете го наклонот
на плочата за поставување во жлебот на
резервоарот. Поставете ги завртките за монтирање
на ножот.
► Сл.14: 1. Завртки за монтирање на ножот
2. Плоча за поставување 3. Магнетен
држач 4. Резервоар 5. Сечило 6. Шепа
Откако, прво, по малку ќе ги стегнете сите завртки
за монтирање на ножот, рамномерно од центарот
кон надвор, стегнете ги целосно следејќи го истиот
редослед. Извадете ги магнетните држачи од
плочата за поставување.
► Сл.15: 1. Насаден клуч 2. Магнетни држачи
Монтирајте го другиот нож како што е опишано
погоре. Вртете го резервоарот бавно додека
притискате на плочата за блокирање за да се
осигурате дека нема никакви неправилности. Потоа,
монтирајте го капакот за струганици и страничниот
капак.
ВНИМАНИЕ:
Не стегнувајте ги завртките за монтирање
на ножот без клемата за прицврстување на
ножот на плочата за поставување да лежи
правилно во жлебот на ножот. Тоа може да
предизвика оштетување на ножот и можна
повреда на операторот.
Не вклучувајте го алатот ако капакот за
струганици е изваден.
Кога го монтирате капакот за струганици,
осигурете синџирот да не биде зафатен од
капакот за струганици.
Само за стандардни ножеви
Ставете го ножот на мерачот за дебелина на ножот
така што работ на ножот да е совршено израмнет
со внатрешноста на предното ребро (А). Поставете
ја плочата за поставување на ножот, потоа нежно
притиснете го наклонот на плочата за поставување
за да се израмни со задниот дел од мерачот за
дебелина на ножот (В). Стегнете ги завртките за да
ја прицврстите плочата за поставување на ножот.
► Сл.16: 1. Шраф 2. Плоча за поставување
3. Сечило 4. Дебелина на ножот
Лизнете го наклонот на плочата за поставување во
жлебот на резервоарот. Поставете ги завртките за
монтирање на ножот.
► Сл.17: 1. Плоча за поставување 2. Жлеб
3. Сечило 4. Резервоар
Откако, прво, добро ќе ги стегнете сите завртки
за монтирање на ножот, рамномерно од центарот
кон надвор, стегнете ги целосно следејќи го истиот
редослед.
► Сл.18: 1. Насаден клуч 2. Плоча за блокирање
3. Завртка за монтирање на ножот
Монтирајте го другиот нож како што е опишано
погоре. Вртете го резервоарот бавно додека
притискате на плочата за блокирање за да се
осигурате дека нема никакви неправилности. Потоа,
монтирајте го капакот за струганици и страничниот
капак.
36 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents