Makita VC005GL Instruction Manual page 62

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC005GL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА:
Не применувајте преголема
сила врз резервоарот. Ако се применува
преголема сила, може да дојде до деформирање
и оштетување на деловите.
ЗАБЕЛЕШКА:
Празнете го резервоарот
најмалку еднаш дневно, иако тоа сепак зависи
од волуменот на собран прав во резервоарот.
Во спротивно, силата на смукање ќе се намали и
може да дојде до дефект на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не држете ги куките ниту
резињата кога го празните резервоарот.
Држењето на куките или резињата може да
предизвика нивно кршење.
Отпуштете ги резињата за блокирање и подигнете ја
главната единица од резервоарот.
Истресете го правот од филтерот од ткаенина или
предфилтерот пред да го подигнете филтерот од
резервоарот.
Потоа извадете ја полиетиленската вреќа од
резервоарот, затворајќи го отворот на вреќата со
рака.
► Сл.16: 1. Полиетиленска вреќа 2. Резервоар
НАПОМЕНА: Внимателно извадете ја
полиетиленската вреќа од резервоарот за да
се избегне нејзиното гребење или кинење од
рабовите во внатрешноста на резервоарот.
НАПОМЕНА: Испразнете ја полиетиленската
вреќа пред да се наполни. Ако се собере премногу
прав во резервоарот, полиетиленската вреќа може
да се скине.
Монтирање повеќенаменска
закачалка
Користете ја повеќенаменската закачалка за
држење црево, прибор и додатоци што не се
користат, а може да ги извадите брзо во согласност
со вашите претпочитања.
► Сл.17
Поставете ја повеќенаменската закачалка над
основата за монтирање во задниот дел од
правосмукалката, поставувајќи ги шините на
повеќенаменската закачалка по должина на
жлебовите на основата за монтирање.
► Сл.18: 1. Повеќенаменска закачалка 2. Основа
за монтирање
Монтирање MAKPAC-адаптер
Опционален прибор
Кутиите за чување на MAKPAC, што може да се
поврзуваат и редат, може да се монтираат во горниот
дел од правосмукалката со опционален адаптер.
Кутиите се достапни во многу големини и стилови што
им одговараат на вашите претпочитања.
Поставете ја закачалката на основата за монтирање
над рачката на правосмукалката со површината
за монтирање свртена нагоре кога рачката е
превиткана во затворена положба.
► Сл.19: 1. Закачалка на основата за монтирање
2. Површина за монтирање 3. Рачка
Монтирајте го MAKPAC-адаптерот на закачалката на основата за
монтирање и зацврстете ги заедно со четирите дадени шрафа.
► Сл.20: 1. MAKPAC-адаптер 2. Закачалка на
основата за монтирање 3. Шраф
Подигнете ја лентата за притискање и затегнете го копчето за
да ги подготвите кутиите на MAKPAC на правосмукалката.
► Сл.21: 1. Лента за притискање 2. Копче
НАПОМЕНА: За детали во врска со монтирањето
на кутиите на MAKPAC, погледнете ги дадените
упатства со MAKPAC-адаптерите и кутиите.
Поврзување на цревото
ЗАБЕЛЕШКА:
го цревото. Никогаш не движете ја правосмукалката
држејќи ја за цревото. Прекумерната сила, газењето
и влечењето за цревото може да предизвикаат кршење
или деформирање на цревото.
ЗАБЕЛЕШКА:
обем, како на пример делканици од стружење,
бетонски прав или слични работи освен
отпад со мал обем, користете го цревото со
внатрешен дијаметар од 38 мм (опционален
додаток). Ако се користи цревото со внатрешен
дијаметар од 28 мм (опционален додаток), тоа
може да се затне и да се оштети.
Вметнете го крајот на цревото во доводот за прав
(влез за црево) на правосмукалката, потоа свртете
го надесно додека не се блокира во место.
► Сл.22: 1. Црево 2. Довод за прав (влез за црево)
Монтирање или отстранување
додатоци на правосмукалката
ВНИМАНИЕ:
проверете дали е монтиран безбедно. Доколку
додатокот е монтиран неправилно, може да се
откачи и да предизвика телесна повреда.
Додатоци со функција за заклучување
ЗАБЕЛЕШКА:
со функција за заклучување, порамнете го
копчето за отпуштање со куката на додатокот.
Доколку не се порамнети, додатокот нема да се
заклучи и може да се откачи од правосмукалката.
Вметнете го додатокот во отворот за смукање на
правосмукалката притискајќи ги заедно со кликање.
За вадење на додатокот, извлекувајте го додека го
притискате копчето за отпуштање.
► Сл.23: 1. Отвор за смукање со функција за
заклучување 2. Копче за отпуштање
3. Додаток со функција за заклучување
НАПОМЕНА: Додатокот со функција за
заклучување може да се монтира само во отворот
за смукање со функција за заклучување.
► Сл.24: 1. Додаток со функција за заклучување
2. Отвор за смукање со функција за
заклучување 3. Отвор за смукање без
функција за заклучување
62 МАКЕДОНСКИ
Никогаш не виткајте го и не газете
Кога смукате отпад со голем
По монтирање на додатокот,
Кога ќе го монтирате додатокот

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vc005glz

Table of Contents