Makita VC005GL Instruction Manual page 61

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC005GL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да извршувате каква
било работа на уредот, секогаш проверувајте
дали тој е исклучен и дали касетите за
батеријата се извадени.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете маска за прав
при составување или одржување.
Монтирање филтер за прав
(HEPA) и предфилтер (за сув прав)
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не смукајте вода,
ниту други течности, ниту пак влажен прав
кога го користите филтерот за прав. Смукањето
такви работи може да предизвика кршење на
филтерот за прав.
За да го користите филтерот за прав:
1.
Отстранете го кафезот на филтерот и
филтерот од ткаенина.
► Сл.11: 1. Кафез на филтерот 2. Филтер од
ткаенина 3. Резервоар
2.
Поставете го предфилтерот во резервоарот со
усогласување на позиционите ознаки за монтажа на
предфилтерот и резервоарот.
3.
Поставете го придушувачот во предфилтерот,
а потоа ставете го филтерот за прав над
придушувачот со усогласување на позиционите
ознаки за монтажа на филтерот за прав и
предфилтерот.
4.
Монтирајте ја главната единица над
резервоарот и обезбедете ги со резиња за
блокирање.
► Сл.12: 1. Главна единица 2. Филтер за прав
(HEPA) 3. Придушувач 4. Предфилтер
5. Резервоар 6. Позициона ознака за
монтирање
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред употреба на филтерот
за прав, осигурете се дека предфилтерот и
придушувачот секогаш се користат заедно.
Не е дозволено филтерот за прав да се монтира
самостојно.
Монтирање хартиена торба
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
хартиена торба, осигурете се дека филтерот
од ткаенина или предфилтерот се користат
заедно. Ако не се користи заедно со филтерот од
ткаенина/предфилтерот, може да се предизвика
необична бучава и топлина, што може да
резултира со пожар.
Пред да користите
61 МАКЕДОНСКИ
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не смукајте вода, ниту
други течности, ниту пак влажен прав кога
користите хартиена торба. Смукањето такви
работи може да предизвика кинење на хартиената
торба.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога користите филтер од
ткаенина, осигурете се дека кафезот на
филтерот се користи заедно со него.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога се користи предфилтерот,
осигурете се дека филтерот за прав и
придушувачот се користат заедно.
1.
Одвиткајте ја хартиената торба.
2.
Порамнете го отворот на хартиената торба со
доводот за прав на резервоарот.
3.
Монтирајте ја хартиената торба во резервоарот
со отворот на картонот закачен на држачот на
хартиената торба.
► Сл.13: 1. Хартиена торба 2. Отвор на картонот
3. Држач на хартиената торба 4. Довод
за прав
Монтирање на полиетиленската
вреќа
Со монтирана полиетиленска вреќа во резервоарот,
лесно ќе може да го празните резервоарот без да ги
извалкате рацете.
Поставете полиетиленска вреќа над резервоарот и
вметнете една страна од горниот раб на вреќата на
нејзиниот отворен крај, помеѓу плочата на држачот и
предниот ѕид на резервоарот.
► Сл.14: 1. Плоча на држачот 2. Преден ѕид на
резервоарот 3. Полиетиленска вреќа
Распределете ги другите горни рабови од вреќата
нанадвор, над горните рабови на резервоарот.
Поставете го филтерот од ткаенина или
предфилтерот над полиетиленската вреќа за да се
зацврсти отворот на вреќата.
► Сл.15: 1. Филтер од ткаенина/предфилтер
НАПОМЕНА: Може да се користи комерцијално
достапна полиетиленска вреќа. Се препорачува
да биде со дебелина од 0,04 мм или повеќе.
НАПОМЕНА: Ако се собере премногу прав,
вреќата може лесно да се скине, затоа не
собирајте прав повеќе од половината од
капацитетот на вреќата.
Празнење резервоар со
полиетиленска вреќа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
проверувајте дали правосмукалката е
исклучена и дали касетите за батеријата се
извадени пред да го испразните резервоарот.
Во спротивно, може да дојде до струен удар и
тешка телесна повреда.
Секогаш

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vc005glz

Table of Contents