Батерија BL1055B
Кога батеријата BL1055B е исклучена, притиснете го
копчето за напојување. Индикаторот за капацитет на
батеријата ќе светне неколку секунди.
► Сл.12: 1. Копче за напојување
2. Индикатор за капацитет на батерија
Значење на индикаторската ламбичка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
Систем за заштита на батеријата
Доколку преостанатиот капацитет на батеријата е
премал, уредот нема да работи. Кога го вклучувате
уредот, деловите за загревање повторно се
напојуваат, но тоа набрзо запира. Во оваа ситуација,
извадете ја и наполнете ја касетата за батерија.
Поврзување USB-уреди
ВНИМАНИЕ:
Поврзувајте само уреди
што се компатибилни со USB-портата за
напојување. Во спротивно, може да дојде до
дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред поврзување на USB-
уредот, секогаш правете резервна копија на
податоците на USB-уредот. Во спротивно, може
да дојде до губење на податоците.
ЗАБЕЛЕШКА:
Држачот за батерии и
батеријата BL1055B може да не испорачуваат
енергија на некои USB-уреди.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога не го користите или
по полнење, отстранете го USB-кабелот и
затворете го капакот.
НАПОМЕНА: Вистинската излезна струја се
разликува во зависност од USB-уредот што треба
да се поврзе.
НАПОМЕНА: Енергијата на батеријата се троши
кога е вклучено копчето за напојување. Секогаш
исклучувајте го прекинувачот кога не се користи.
НАПОМЕНА: Кога се полнат повеќе USB-уреди
во низа, почекајте околу 10 секунди откако
полнењето на претходниот уред завршило пред да
започнете со полнење на следниот уред.
Држачот за батерии (со батеријата) и батеријата
BL1055B може да работат како надворешно
напојување за USB-уредите.
Преостанат
капацитет
Трепка
од 50% до
100%
од 25% до 50%
од 10% до 25%
Помалку од
10%
Неправилност
на батеријата
112 МАКЕДОНСКИ
1.
Отворете го капакот и поврзете го USB-кабелот
(не е вклучен) со USB-портата. Поврзете го
другиот крај на кабелот со уредот.
2.
Започнете со полнење:
—
Кога се користи држач за батерии (со
батеријата), притиснете и задржете го копчето
за напојување додека не се вклучи индикаторот
за ниво на моќност. Батеријата доставува D.C.
5 V, 2,4 A.
Држач за батерии (со батерија)
► Сл.13: 1. Копче за напојување 2. USB-порта
—
Кога се користи батеријата BL1055B,
притиснете го копчето за напојување.
Батеријата доставува D.C. 5 V, 1,5 A.
Батерија BL1055B
► Сл.14: 1. Копче за напојување 2. USB-порта
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали
поткошулата е исклучена и касетата за
батерија е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Доколку поткошулата не се
вклучува или се открие некаков недостаток
со целосно наполнета касета за батерија,
исчистете ги терминалите на држачот за
батерии и касетата за батерија. Доколку
поткошулата сè уште не работи правилно,
престанете да ја користите и контактирајте со
нашиот овластен сервисен центар.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на поткошулата
•
Извадете ги батеријата и држачот за батерии
од поткошулата пред перењето.
•
Следете ги упатствата на ознаката.
•
Не перете ја поткошулата со други алишта. Тоа
може да предизвика избледување на бојата
или пренесување на боите.
•
Користете мрежа за перење алишта кога
користите машина за перење.
•
Не користете омекнувач за алишта.
•
Користете само неутрален детергент.
•
По перењето, веднаш извадете ја поткошулата
од машината за перење.
•
Пред перење, ставете го приклучокот во
внатрешноста на џебот за батерии и затворете
го патентот.