МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Важни упатства. Задржете за идна употреба.
За корисниците во Европа: Овој апарат може да се користи од страна на деца на возраст од 8
•
години или постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални капацитети или без
доволно искуство и познавање ако се под надзор или им се даваат упатства за користење на
апаратот на безбеден начин и ги разбираат вклучените ризици. Децата не смеат да си играат со
апаратот. Чистењето и одржувањето од корисникот не смеат да се вршат од страна на деца без
надзор.
•
За корисниците во други области освен Европа: овој апарат не е наменет за да го користат лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без
искуство и знаење, освен ако не ги надгледува или не им дава упатства за користење лице што е
одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се под надзор за да се осигури дека нема да си
играат со апаратот.
•
Погледнете го поглавјето „СПЕЦИФИКАЦИИ" за референца на типот на батеријата.
Погледнете го делот „Монтирање или отстранување на касетата за батерија" за начинот на
•
монтирање или отстранување на батеријата.
•
Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата, извадете ја од алатот и фрлете ја на безбедно
место. Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање на батеријата
во отпад.
•
Доколку алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се извади од алатот.
•
Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.
•
Погледнете го поглавјето „ОДРЖУВАЊЕ" за соодветни детали за мерките на претпазливост за
време на одржувањето од корисникот.
За флексибилни апарати за загревање
Кога не се користи, складирајте како што е наведено:
•
—
Пред склопување, дозволете да се излади.
—
Додека се складира, не туткајте го апаратот ставајќи предмети на неговиот горен дел.
•
Често проверувајте го апаратот за знаци на изабеност и оштетување. Доколку постојат такви знаци
или апаратот бил неправилно користен или не работи, вратете го на добавувачот пред повторно да го
вклучите.
Овој апарат не е наменет за медицинска употреба во болниците.
•
•
Апаратот не смее да го користат лица што се нечувствителни на топлина и други многу ранливи
лица кои не можат да реагираат на прегревање.
Деца помали од три години не смеат да го користат апаратот поради нивната неспособност да
•
реагираат на прегревање.
Апаратот не треба да го користат деца поголеми од три години, освен ако контролите претходно
•
не ги поставиле родителот или старателот, или освен ако детето не е соодветно обучено како
безбедно да се управува со контролите.
•
Проверете ги прекинувачот и кабелот за пукнатини за да спречите водата да навлезе внатре за
време на перењето, а за време на сушењето кабелот мора да се постави така што водата нема да
тече во прекинувачот или контролата.
Ако страдате од симптомите наведени подолу додека го користите апаратов, веднаш отстранете
•
го и консултирајте се со лекар. Во спротивно, постои опасност од топлотна исцрпеност или топлотен
удар.
—
Први знаци:
каква било непријатност; прекумерно потење; болка во вратот; гадење; вртоглавица или поспаност.
Симптоми на топлотна исцрпеност/ топлотен удар:
—
гадење и повраќање; мачна главоболка; вртоглавица и поспаност; отсуство на потење; црвена, топла и сува кожа;
мускулна слабост или напади; брзо чукање на срцето; брзо, плитко дишење; промени во однесувањето, како што се
конфузија, дезориентација или сопнување; несвест.
105 МАКЕДОНСКИ