Makita M3602 Instruction Manual page 48

Hide thumbs Also See for M3602:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Насочувач на правец (тип B)
Опционален прибор
Ставете го насочувачот за правец во дупките на
основата на алатот и стегнете ја рачната завртка. За
да го прилагодите растојанието помеѓу глодачката
глава и насочувачот за правец, олабавете ја рачната
завртка. На саканата далечина, стегнете ја рачната
завртка (B) за да го прицврстите насочувачот за
правец во една позиција.
► Сл.11: 1. Рачна завртка 2. Насочувач на правец
Кога сечете, движете го алатот со насочувачот за
правец израмнет со страната на материјалот.
Поширок водач на правецот според саканите
димензии може да се направи со помош на
дупките на држачот на правец, за зацврстување на
дополнителни парчиња дрво.
Кога користите бургија со голем дијаметар,
прицврстете ги парчињата дрво за насочувачот за
правец со дебелина од повеќе од 15 мм (5/8"), за
бургијата да не го удри насочувачот за правец.
► Сл.12: 1. Насочувач на правец 2. Дрво
A=55 мм (2-3/16")
B=55 мм (2-3/16")
C=15 мм (5/8") или подебело
Насочувач на шаблон
Опционален прибор
Насочувачот на шаблон има муф низ кој минува
бургијата на рутерот, дозволувајќи користење на
рутерот со шеми на шаблони.
► Сл.13
Разлабавете ги шрафовите на основата,
1.
вметнете го насочувачот на шемата и потоа
зацврстете ги шрафовите.
► Сл.14: 1. Шрафови 2. Насочувач на шаблон
Прицврстете го шаблонот на материјалот.
2.
Ставете го алатот на шаблонот и движете го алатот,
така што насочувачот на шаблон ќе се лизга долж
страната на шаблонот.
► Сл.15: 1. Бургија на рутерот 2. Основа
3. Основна плоча 4. Шаблон 5. Работен
материјал 6. Насочувач на шаблон
НАПОМЕНА: Работниот материјал ќе се исече со
различна големина од онаа на шаблонот. Земете
го предвид растојанието (X) помеѓу бургијата
на рутерот и надворешноста на насочувачот на
шема. Растојанието (X) може да се пресмета со
следнава равенка:
Растојание (X) = (надворешен дијаметар
на насочувачот на шемата – дијаметар на
бургијата на рутерот) / 2
Насочувач на поткаструвачот
Насочувачот за поткастрување помага за лесно
поткастрување, сечење на кривулести линии во
фурнири за мебел и сл. Валјакот на насочувачот
врти по свиокот и обезбедува прецизен пресек.
Насочувач за правец (тип А)
Опционален прибор
Монтирајте го насочувачот за правец на држачот
на насочувачот со рачната завртка (B). Ставете го
држачот на насочувачот во дупките на основата
на алатот и стегнете ја рачната завртка (А). За да
ја прилагодите далечината меѓу глодачката глава
и насочувачот за правец, олабавете ја рачната
завртка (B) и свртете ја завртката за прецизно
прилагодување. Кога го приспособувате валјакот
на насочувачот нагоре или надолу, олабавете ја
рачната завртка (C). По прилагодувањето, затегнете
ги сите рачни завртки.
► Сл.16: 1. Држач на насочувач 2. Завртка за
фино прилагодување 3. Насочувач на
поткаструвачот 4. Валјак на насочувачот
Насочувач за правец (тип B)
Опционален прибор
Монтирајте го насочувачот на фрезата на држачот
на правец со рачните завртки (B). Ставете го
држачот на правец во дупките на основата на
алатот и прицврстете ја рачната завртка (A). За да
го прилагодите растојанието помеѓу бургијата на
рутерот и насочувачот на фрезата, олабавете ги
рачните завртки (B). Кога го приспособувате валјакот
на насочувачот нагоре или надолу, разлабавете ја
рачната завртка (C). По прилагодувањето, затегнете
ги сите рачни завртки.
► Сл.17: 1. Валјак на насочувачот 2. Насочувач на
поткаструвачот
Кога сечете, движете го алатот со валјакот на
насочувачот израмнет со страната на материјалот.
► Сл.18: 1. Глодачка глава 2. Валјак на
насочувачот 3. Работен материјал
Капак на резервоарот за прав (за
алат со копче)
Опционален прибор
Капакот на резервоарот за прав спречува да се
привлекуваат струганици кон алатот кога е во
обратна положба.
Монтирајте го капакот за резервоарот за прав како
што е илустрирано кога користите алат со сталак за
глодачот којшто е достапен на пазарот.
Отстранете го кога го користите алатот во
нормалната положба.
► Сл.19: 1. Завртка 2. Капак на резервоар за прав
48 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents