Makita M3602 Instruction Manual page 46

Hide thumbs Also See for M3602:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Прилагодување на длабочината
на сечењето
Ставете го алатот на рамна површина. Олабавете
го лостот за блокирање и спуштете го телото на
алатот додека бургијата на рутерот не допре рамна
површина. Стегнете го лостот за блокирање за да
го блокирате телото на алатот. Кога го притискате
копчето за брзо напојување, движете шипката за
сопирање нагоре или надолу додека не се постигне
саканата длабочина на засекот. Брзи прилагодувања
на длабочината може да се направат со вртење на
шипката за сопирање (1,5 мм (1/16") по вртење).
► Сл.1: 1. Најлонска навртка 2. Шипка за
сопирање 3. Копче за брзо сечење
4. Шестаголна завртка за прилагодување
5. Блокирач 6. Лост на блокирачот
ВНИМАНИЕ:
Длабочината на засекот
не треба да биде поголема од 20 мм (13/16")
минување кога правите жлебови. За многу
дебели жлебови, направете две или три
минувања со прогресивно подлабоки поставки
на глодачката глава.
Најлонска навртка
За алат без копче
Горната граница на телото на алатот може да се
прилагоди со свртување на најлонската навртка. Не
ја спуштајте најлонската навртка премногу ниско.
Глодачката глава ќе штрчи опасно.
За алат со копче
Горната граница на телото на алатот може да
се прилагоди со вртење на копчето. Кога врвот
на бургијата на рутерот е вовлечен повеќе од
потребното во однос на површината на основната
плоча, вртете ја најлонската навртка за да ја
спуштите горната граница.
► Сл.2: 1. Копче
ВНИМАНИЕ:
Бидејќи прекумерното сечење
може да предизвика преоптоварување на
моторот или тешкотии во контролирањето
на алатот, длабочината на сечење не треба
да биде поголема од 20 мм (13/16") на
минување кога сечете жлебови. Кога сакате
да сечете жлебови подлабоки од 20 мм
(13/16"), направете неколку поминувања со
прогресивно подебели глодачки глави.
ВНИМАНИЕ:
Не го спуштајте копчето
премногу ниско. Глодачката глава ќе штрчи
опасно.
Блокирач
Бидејќи блокирачот има три навртки за
прилагодување што подигаат или спуштаат за 0,8
мм на секое минување, лесно може да добиете
три различни длабочини на засекот без повторно
прилагодување на шипката за сопирање.
► Сл.3: 1. Шипка за сопирање 2. Шестаголна
завртка за нагодување 3. Блокирач
Нагодете ја најниската шестаголна завртка за нагодување
за да добиете најдлабока длабочина на засекот, следејќи
го методот „Нагодување на длабочината на пресекот".
Нагодете ги двете останати шестаголни завртки
за нагодување за да добиете поплитки длабочини
на засекот. Разликата во височината на овие
шестаголни завртки за нагодување е еднаква на
разликите во длабочините на засекот.
За нагодување на имбусните завртки за нагодување,
свртете ги имбусните завртки за нагодување со
шрафцигер или со клуч. Блокирачот е корисен и за
три минувања со прогресивно подлабоки поставки
на главата кога се сечат длабоки жлебови.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
струја, секогаш проверете дали е исклучен.
ВНИМАНИЕ:
на оската е отпуштена пред да го вклучите
прекинувачот.
За да го стартувате алатот, поместете го лостот на
прекинувачот во положба I.
За да го сопрете алатот, лизнете го лостот на
прекинувачот во положба O.
► Сл.4: 1. Рачка на прекинувач
ВНИМАНИЕ:
кога го исклучувате алатот, за да помине
реакцијата.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Индикаторска ламбичка
► Сл.5: 1. Индикаторска ламбичка
Индикаторската ламбичка свети зелено кога алатот
е приклучен во струја. Ако индикаторската ламбичка
не свети, главниот кабел или контролерот може да се
неисправни. Индикаторската ламбичка е вклучена, но
алатот не стартува иако е вклучен, карбонските четки
може да се изабени или контролорот, моторот или
прекинувачот ON/OFF можеби се неисправни.
Заштита од ненамерно рестартирање
Алатот не може да се вклучи кога лостот на прекинувачот
е во положба I, дури и кога алатот е приклучен.
Во тој момент, индикаторската ламбичка трепка
црвено и покажува дека заштитата од ненамерно
рестартирање е активна.
За да ја деактивирате заштитата од ненамерно рестартирање,
поместете го лостот на прекинувачот во положба O.
46 МАКЕДОНСКИ
Пред да го вклучите алатот во
Проверете дали кочницата
Држете го алатот цврсто

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents