Makita VC009G Instruction Manual page 98

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC009G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: За безжичното активирање,
потребни се алати на Makita со безжичен уред.
НАПОМЕНА: Пред првото користење на
функцијата за безжично активирање кај секој
алат, потребно е да се регистрира алатот. Штом
еднаш ќе се регистрира алатот, нема потребна
од повторна регистрација, освен ако таа не се
откаже.
НАПОМЕНА: Пред регистрацијата, проверете
дали безжичниот уред е правилно вметнат.
НАПОМЕНА: Еден безжичен уред може да
регистрира најмногу 10 врски со други безжични
уреди. Ако се регистрирани повеќе од 10
безжични уреди на еден безжичен уред, оној што е
регистриран најрано ќе биде откажан автоматски.
НАПОМЕНА: Положбата на копчето за безжично
активирање се разликува во зависност од алатот.
НАПОМЕНА: Правосмукалката може да се
активира и со притискање на копчето
прекинувачот за режим на подготвеност е
поставен на „I (ON)".
Сепак, копчето
нема да се активира кога се
користи функцијата за безжично активирање.
Инсталирање на безжичниот уред
ВНИМАНИЕ:
Поставете ја правосмукалката
на рамна и стабилна површина кога го
инсталирате безжичниот уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
Исчистете го правот и
нечистотијата на правосмукалката пред да
го инсталирате безжичниот уред. Правот или
нечистотијата може да предизвикаат дефект
доколку дојдат во отворот на безжичниот уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
За спречување дефект
предизвикан од статички електрицитет,
допрете материјал за статичко празнење, како
метален дел, пред да го подигнете безжичниот
уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го инсталирате
безжичниот уред, секогаш проверувајте дали
тој се вметнува во правилна насока и дали
капакот е целосно затворен.
1.
Отворете го капакот на правосмукалката како
што е прикажано на сликата.
► Сл.34: 1. Капак
2.
Вметнете го безжичниот уред во отворот и
потоа затворете го капакот.
Кога го инсталирате безжичниот уред, порамнете
ги издадените делови со вдлабнатите делови на
отворот.
► Сл.35: 1. Безжичен уред 2. Издаден дел 3. Капак
4. Вдлабнат дел
Кога го отстранувате безжичниот уред, полека отворајте го
капакот. Куките на задниот дел од капакот ќе го подигнат
безжичниот уред додека го повлекувате.
► Сл.36: 1. Безжичен уред 2. Кука 3. Капак
По отстранувањето на безжичниот уред, чувајте го
во испорачаната кутија или сад без статика.
ЗАБЕЛЕШКА:
на задниот дел од капакот кога го отстранувате
безжичниот уред. Доколку куките на го фатат
безжичниот уред, целосно затворете го капакот и
потоа повторно отворете го.
Регистрација на алат за
правосмукалката
НАПОМЕНА: За регистрација на алатот, потребна
е правосмукалка на Makita што ја поддржува
функцијата за безжично активирање.
НАПОМЕНА: Завршете го инсталирањето на
безжичниот уред на алатот пред да ја стартувате
регистрацијата на алатот.
НАПОМЕНА: За време на регистрацијата
на алатот, не повлекувајте го прекинувачот
за стартување на алатот и не притискајте го
прекинувачот за смукање на правосмукалката.
кога
НАПОМЕНА: Исто така, погледнете го
прирачникот со упатства на алатот.
Доколку сакате да ја активирате правосмукалката
заедно со менувањето на работата на алатот,
претходно завршете ја регистрацијата на алатот.
1.
Монтирајте ги безжичните уреди на
правосмукалката и алатот, соодветно.
2.
Монтирајте ги батериите на правосмукалката и
алатот.
3.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на правосмукалката на „I (ON)".
► Сл.37: 1. Прекинувач за режим на подготвеност
4.
Држете го копчето за безжично активирање на
правосмукалката 3 секунди додека ламбичката за
безжично активирање не затрепка зелено. А потоа
на ист начин притиснете го копчето за безжично
активирање на алатот.
► Сл.38: 1. Копче за безжично активирање
Доколку правосмукалката и алатот се поврзат
успешно, ламбичките за безжично активирање ќе
засветат зелено 2 секунди и ќе почнат да трепкаат
сино.
НАПОМЕНА: Ламбичките за безжично активирање
ќе престанат да трепкаат зелено по 20 секунди.
Притиснете го копчето за безжично активирање
на алатот додека трепка ламбичката за безжично
активирање на правосмукалката. Доколку
ламбичката за безжично активирање не трепка
зелено, притиснете го кратко копчето за безжично
активирање и повторно задржете го.
НАПОМЕНА: Кога изведувате две или повеќе
регистрации за правосмукалката, завршете ја
регистрацијата на алатот едно по едно.
98 МАКЕДОНСКИ
Секогаш користете ги куките
2. Ламбичка за безжично активирање

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents