Makita VC009G Instruction Manual page 90

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC009G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Безбедносни предупредувања за
безжичната правосмукалка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО сите
безбедносни предупредувања и сите упатства
ПРЕД УПОТРЕБА. Ако не се почитуваат
предупредувањата и упатствата, може да дојде до
струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Пред употребата, осигурете се дека оваа
1.
правосмукалка ќе ја користат само лица со
соодветна обука за неа.
Не употребувајте ја правосмукалката без
2.
филтерот. Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Не обидувајте се да собирате запаливи
3.
материјали, огномет, запалени цигари,
жежок пепел, жешки метални делканици,
остри материјали, како што се бричеви,
игли, скршено стакло и сл.
НИКОГАШ НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ ЈА
4.
ПРАВОСМУКАЛКАТА ВО БЛИЗИНА НА
БЕНЗИН, ПЛИН, БОЈА, ЛЕПИЛА ИЛИ ДРУГИ
СИЛНОЕКСПЛОЗИВНИ СУПСТАНЦИИ.
Прекинувачот создава искри при неговото
ВКЛУЧУВАЊЕ и ИСКЛУЧУВАЊЕ. Истото
го прави и менувачот на моторот додека
работи. Може да настане опасна експлозија.
Оваа правосмукалка не е предвидена за
5.
смукање опасен прав.
Никогаш не користете ја правосмукалката за
6.
смукање токсични, канцерогени, запаливи
или други опасни материјали, како што се
азбест, арсен, бариум, берилиум, олово,
пестициди или други материјали опасни по
здравјето.
Никогаш не користете ја правосмукалката на
7.
отворено додека врне дожд.
За Финска, оваа машина не смее да се
8.
користи надвор на ниски температури.
Не користете ја во близина на топлински
9.
извори (печки и сл.).
10. Не блокирајте ги отворите за ладење. Овие
отвори овозможуваат ладење на моторот.
Блокирањето треба внимателно да се
избегнува бидејќи во спротивно, моторот ќе
прегрее заради недостиг на вентилација.
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа
11.
со нозете цело време.
12. Немојте да го превиткувате, влечете или да
газите врз цревото.
13. Исклучете ја правосмукалката веднаш ако
забележите намалување на можностите
или што било неправилно во текот на
работењето.
14. ИЗВАДЕТЕ ГИ БАТЕРИИТЕ. Кога не се
користи, пред сервисирање и при промена
на додатоци.
ВАЖНО!
90 МАКЕДОНСКИ
15. Исчистете ја и сервисирајте ја
правосмукалката непосредно по секоја
употреба за да ја одржувате во добра
работна состојба.
16. ОДРЖУВАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
ГРИЖЛИВО. Одржувајте ја правосмукалката
чиста за подобра и посигурна изведба.
Следете ги упатствата за промена на
додатоци. Рачките нека бидат суви, чисти и
без масло и маснотии.
17. ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА ОШТЕТЕНИ
ДЕЛОВИ. Пред натамошната употреба на
правосмукалката, треба да се провери дали
има оштетен штитник или друг дел за да се
утврди дека ќе работи исправно и правилно
ќе ја извршува својата функција. Проверете
ги порамнувањето на подвижните делови,
прицврстеноста на подвижните делови,
трошењето на деловите, монтажата и која
било друга состојба што може да влијае
врз работењето. Оштетените штитник
или друг дел треба соодветно да се
поправат или да се заменат во овластен
сервисен центар, освен ако не е поинаку
наведено во ова упатство за користење.
Заменете ги неисправните прекинувачи во
овластен сервисен центар. Не користете ја
правосмукалката ако не може да се вклучи и
исклучи со прекинувачот.
18. РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ. При сервисирањето,
користете само идентични резервни делови
за замена.
19. СКЛАДИРАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
КОГА НЕ СЕ КОРИСТИ. Кога не се користи,
правосмукалката треба да се складира во
затворен простор.
20. Бидете внимателни со вашата
правосмукалка. Ако со неа се ракува грубо,
тоа може да предизвика кршење дури и на
најцврсто изградената правосмукалка.
21. Не обидувајте се да ја чистите
надворешноста или внатрешноста со
бензин, разредувач или хемиски средства
за чистење. Може да дојде до пукнатини и
промена на бојата.
22. Не користете ја правосмукалката во
затворен простор каде што има запаливи,
експлозивни и отровни испарувања од
маслени бои, разредувачи на боја, бензин,
некои средства против молци итн. или во
области каде што има присуство на запалив
прав.
23. Не ракувајте со правосмукалката ако сте
под дејство на наркотични средства или
алкохол.
24. Како основно правило за безбедност,
користете заштитна маска или заштитни
очила со странични штитници.
25. Користете маска за заштита од прав кога
работите во правливи услови.
26. Оваа машина не е наменета за употреба
од лица, вклучувајќи деца, со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents