Makita DFR551 Instruction Manual page 45

Cordless auto feed screwdriver
Hide thumbs Also See for DFR551:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно
висока струја, алатот автоматски се исклучува.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот автоматски
запира. Во оваа ситуација, оставете алатот/батеријата
да се олади пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Индикатор за предупредување
Светилката на индикаторот на избирачот на
режим на одвртување со туркање покренува
предупредување со црвени светла што трепкаат
кога алатот работи во следниве работни услови.
► Сл.2: 1. Светилка на индикаторот
Статус на светилката
Брзо трепкање
(прибл. на интервали
од една третина од
секундата)
Одложено трепкање
(прибл. на интервали
на секунда)
НАПОМЕНА: Може да се појави предупредување
за прекумерно празнење, зависно од статусот на
батеријата и работните услови.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.3: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
45 МАКЕДОНСКИ
Причини
Поправки
Батеријата
Наполнете ја
станува
батеријата во прва
слаба
прилика.
Оставете го алатот
да се олади пред
Прегреано
повторно да го
вклучите.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dfr452Dfr452z

Table of Contents