Чистење
ВНИМАНИЕ:
Восокот и струганиците на
гумите на тркалото може да предизвикаат
сечилото на пилата со лента да се лизне и
ненадејно да излезе. Користете сува крпа за
да ги отстраните восокот и струганиците од
гумите.
По употребата, отстранете го восокот, струганиците
и прашината од алатот, гумите на тркалото и
сечилото на пилата со лента.
Замена на гумите на тркалата
Заменете ги гумите кога сечилото на пилата со
лента се лизга или кога не се затегнува правилно
поради изабените гуми.
За замена на гумата, побарајте ги овластените
сервисни или фабрички центри на Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Сечила за пилата со лента
•
Восок за сечење
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
45 МАКЕДОНСКИ