По употреба
По употребата, избришете ги делканиците и
правот залепени на алатот со крпа или нешто
слично. Одржувајте го штитникот за сечило чист
во согласност со упатствата во претходниот дел
насловен „Штитник за сечило". Подмачкајте ги
лизгачките делови со машинско масло за да
спречите корозија.
Кога го стартувате алатот, повлечете го носачот
целосно кон вас, така што лизгачката шипка целосно
да влезе во вртливата основа.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
или прибор на Makita се препорачани за
употреба со вашиот алат на Makita назначен
во ова упатство. Користењето какви било други
додатоци или прибор може да резултира со тешка
телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
додатокот или приборот на Makita само за
неговата пропишана намена. Злоупотребата на
додаток или прибор може да резултира со тешка
телесна повреда.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Сечила со карбидни запци
(Погледнете на нашата веб-страница или
контактирајте со локалниот продавач на Makita
точно кои ножеви за пила треба да се користат
за материјалот што треба да го сечете.)
•
Склоп на менгеме (хоризонтално менгеме)
•
Вертикално менгеме
•
Склоп на држачот
•
Склоп на шипка на држачот
•
Плоча за поставување
•
Вреќа за прав
•
Триаголен линијар
•
Имбус-клуч
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
Овие додатоци
Користете го
113 МАКЕДОНСКИ