Makita DUR192L Instruction Manual page 69

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR192L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Избегнувајте опасно опкружување. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте го на
дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа може да го
зголеми ризикот од струен удар.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
5.
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
6.
Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите.
Електролитот што се ослободува е корозивен и
може да предизвика оштетување на очите или
кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
7.
влажни места.
Полнете само со полначот одреден од страна
8.
на производителот. Полнач што е соодветен
за еден тип батерија може да создаде ризик од
пожар кога се користи со друга батерија.
9.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда и пожар.
10. Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
11.
При погрешно користење, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте лекарска
помош. Течноста што истекла од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Стартување
1.
Пред да го склопите или приспособите
алатот, извадете ја касетата за батерија.
2.
Пред да ја ставите касетата за батерија,
проверете дали на алатот има оштетувања,
лабави шрафови/навртки или неправилно
склопување. Ако алатот за сечење е свиткан
или оштетен, заменете го. Проверете дали
сите контролни лостови и прекинувачи
функционираат исправно. Исчистете ги и
исушете ги рачките.
3.
Никогаш не обидувајте се да го вклучите
алатот ако е оштетен или ако не е целосно
склопен. Во спротивно, може да настане
тешка повреда.
Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
4.
рака да одговараат на големината на телото
на операторот ако може да се нагодат.
5.
Кога вметнувате касета за батерија, држете
го додатокот за сечење подалеку од вашето
тело и другите предмети, вклучувајќи ја
земјата. Може да започне да врти кога ќе се
стартува и може да предизвика повреда или
оштетување на алатот и/или имотот.
6.
Отстранете ги клучот за нагодување или
другите клучеви пред да го вклучите алатот.
Додатокот оставен прикачен на подвижен дел
од алатот може да доведе до телесна повреда.
7.
Алатот за сечење мора секогаш да биде
опремен со штитник. Никогаш не работете
со алатот со оштетени штитници или без
поставени штитници!
Внимавајте да нема електрични кабли,
8.
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
9.
Состојбата на алатот за сечење, заштитните
уреди и ременот за рамо мора да се
проверат пред да се започне со работа.
Работење
1.
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
2.
Ако чувствувате каква било необична
состојба (на пример бучава, вибрации) при
работата, исклучете го алатот и извадете
ја касетата за батеријата. Не користете го
алатот додека не се открие причината и
разреши дефектот.
3.
Додатокот за сечење продолжува да врти
кратко време откако алатот ќе се исклучи. Не
брзајте да го допрете додатокот за сечење.
4.
При работењето, користете го ременот за
рамо ако е доставен со алатот. Држете го
алатот цврсто од вашата десна страна.
5.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте добра
стабилност и рамнотежа со нозете цело време.
Внимавајте на скриени пречки, како на пример
трупци, корења и дупки, за да избегнете сопнување.
6.
Секогаш внимавајте како газите по стрмни падини.
Одете, никогаш не трчајте.
7.
Никогаш не работете качени на скала или на
8.
дрво за да избегнете губење на контролата.
Ако алатот се здобие со тежок удар или
9.
пад, проверете ја неговата состојба пред да
продолжите со работа. Проверете дали контролите
и безбедносните уреди функционираат исправно.
Доколку има какво било оштетување или сомнеж
за тоа, побарајте проверка и поправка од наш
овластен сервисен центар.
10. Одморајте се за да спречите губење на контролата
заради замор. Препорачуваме да правите паузи за
одмор од по 10 до 20 минути секој час.
Кога го оставате алатот, дури и за кратко
11.
време, секогаш вадете ја касетата за
батерија. Ако алатот се остави без ваше
присуство со монтирана касета за батерија,
може да биде употребен од неовластено лице
и да предизвика тешка несреќа.
12. Ако помеѓу додатокот за сечење и штитникот
се зафати трева или гранки, секогаш
исклучувајте го алатот и вадете ја касетата за
батерија пред да го исчистите. Во спротивно,
додатокот за сечење може ненамерно да започне
да врти и да предизвика тешка повреда.
13. Никогаш не допирајте ги опасните делови
што се движат пред целосно да запрат и
касетата за батерија се извади.
14. Ако додатокот за сечење удри во камења
или други тврди предмети, веднаш
исклучете го алатот. Потоа, извадете
ја касетата за батерија и проверете го
додатокот за сечење.
69 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur192lst

Table of Contents