Makita DUR192L Instruction Manual page 68

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR192L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важни безбедносни упатства за алатот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
и/или тешки повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Наменета употреба
1.
Овој алат е наменет само за сечење трева,
плевел, грмушки и честак. Не треба да се
користи за никакви други намени, како на
пример обрабување или стрижење ограда
бидејќи може да дојде до повреда.
Општи упатства
Никогаш не дозволувајте луѓе кои не
1.
се запознаени со овие упатства, луѓе
(вклучувајќи деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат овој алат. Децата треба да се
надгледуваат за да не си играат со алатот.
2.
Пред да го стартувајте алатот, прочитајте
го ова упатство за употреба за да се
запознаете со ракувањето со алатот.
Не позајмувајте го алатот на лице кое нема
3.
доволно искуство или познавања во врска со
ракувањето со косилките и жичните тримери.
4.
Кога го позајмувате алатот, секогаш
приложувајте го ова упатство за употреба.
5.
Користете го алатот со голема грижа и
внимание.
6.
Никогаш не користете го овој алат по
консумирање алкохол или наркотични средства
или ако се чувствувате изморени или болни.
Никогаш не обидувајте се да го
7.
модификувате алатот.
Следете ги прописите што се однесуваат на
8.
ракување со косилки и жични тримери во
вашата држава.
Лична заштитна опрема
► Сл.1
1.
Носете заштитни очила за да се заштитите
од разлетан отпад или предмети што паѓаат.
2.
Носете заштита за уши, како на пример
тампони за уши, за да спречите загуба на
слухот.
Прочитајте ги сите
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
68 МАКЕДОНСКИ
3.
Носете соодветни облека и чевли за сигурна
работа, како на пример работен комбинезон
и цврсти чевли што не се лизгаат. Не носете
лабава облека или накит. Лабавата облека,
накитот или долгата коса можат да бидат
зафатени од подвижните делови.
Безбедност на работната област
1.
Работете со алатот само во услови на добра
видливост и дневна светлина. Не работете
со алатот во темница или магла.
2.
Не работете со алатот во средини каде
што постои опасност од експлозија, како
на пример во присуство на запаливи
течности, гасови или прав. Алатот создава
искри што можат да ја запалат прашината или
испарувањата.
3.
При работењето, никогаш не стојте на
нестабилна или лизгава површина или на
стрмнина. За време на ладните годишни
времиња, внимавајте на мразот и снегот и
секогаш одржувајте стабилна положба со нозете.
4.
При работењето, држете ги луѓето и животните
што се наоѓаат во близина на растојание од
најмалку 15 м од алатот. Исклучете го алатот
веднаш штом некој се приближи.
5.
Никогаш не работете со алатот кога има
луѓе, особено деца или домашни животни
во близина.
6.
Пред работењето, испитајте дали во
работната област има камења или други
тврди предмети. Тие може да бидат
расфрлени и да резултираат со тешка повреда
и/или оштетување на имотот.
7.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: користењето на овој
производ може да создаде прав што содржи
хемикалии коишто можат да предизвикаат
респираторни или други болести.
Некои примери за овие хемикалии се
соединенијата што се наоѓаат во пестициди,
инсектициди, ѓубрива и хербициди. Ризикот
од изложувањето зависи од тоа колку често
работите работи од ваков тип. За да ја
намалите изложеноста на овие хемикалии:
работете во добро проветрени области и
со одобрена сигурносна опрема, како маски
за прав што се специјално направени за да
филтрираат микроскопски честички.
Безбедност на електричните
делови и батеријата
1.
Не изложувајте го алатот на дожд или
влажни услови. Ако навлезе вода во алатот,
тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Не користете го алатот ако прекинувачот не
може да се вклучи и исклучи. Секој алат што
не може да се контролира со прекинувачот е
опасен и мора да се поправи.
Спречете ненамерно стартување. Уверете
3.
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред ставање батерија, подигање
или носење на алатот. Носењето на алатот
со прстот на прекинувачот или со вклучен
прекинувач е причина за несреќи.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur192lst

Table of Contents