Makita HW1200 Instruction Manual page 61

Hide thumbs Also See for HW1200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
14. Секогаш исклучувајте ги напојувањето и главниот
довод на вода кога го оставате апаратот за миење
под висок притисок без надзор.
15. Внимавајте на повратниот удар. Пушката
за миење отскокнува кога ќе излезе млазот
под висок притисок од млазницата. Држете
ја пушката за миење цврсто за да се спречат
случајни повреди.
16. Проверете дали има оштетени или изабени
делови пред употреба. Исто така, осигурете
се дека цревото е прикачено правилно и
дека нема истекување за време на работата.
Работење со машината со функционални
дефекти може да предизвика несреќа.
17. Машината е направена за употреба со
средствата за чистење што ги доставува
или препорачува производителот.
Користењето други средства за чистење
или хемикалии може да влијае неповолно
врз безбедноста на машината.
18. Не влечете го кабелот и/или цревото за да
го поместувате главниот дел од апаратот
за миење под висок притисок. Така ќе се
оштетат кабелот, цревото и деловите за
поврзување и ќе дојде до краток спој или
функционални дефекти.
19. Не поставувајте тешки објекти врз цревото и
не дозволувајте возилата да го прегазуваат.
20. Секогаш испуштајте го преостанатиот
притисок во пушката за миење пред да го
исклучите цревото.
21. Кога го прикачувате цревото за главниот
довод, следете ги упатствата на локалното
претпријатие или компанија за водовод.
Сервисирање
1.
Следете ги упатствата за одржување
назначени во упатството.
2.
За да се осигури безбедност на машината,
користете само оригинални резервни
делови од производителот или делови што
тој ги одобрил.
3.
Сервисирајте го апаратот за миење под
висок притисок кај квалификувано лице
за поправки, кое користи само идентични
резервни делови. Така ќе бидете сигурни
дека апаратот за миење под висок притисок
и понатаму е безбеден.
4.
Во случај апаратот за миење под висок
притисок да се расипе или да има некој
дефект, веднаш исклучете го и отстранете
го прекинувачот од главниот довод.
Контактирајте со локалниот продавач или
со сервисен центар.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова
упатство може да предизвикаат тешка телесна
повреда.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
61 МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Прекинувач за напојување
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вклучувајте го прекинувачот
за напојување со сила. Ова може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За HW1200
► Сл.1: 1. Позиција OFF (ИСКЛУЧЕНО) 2. Позиција
ON (ВКЛУЧЕНО)
Свртете го прекинувачот за напојување надесно
за да го вклучите апаратот за миење под висок
притисок.
За HW1300
Свртете го прекинувачот за напојување надесно
или налево зависно од нивото на притисок. Свртете
го прекинувачот за напојување надесно за режим
на висок притисок или налево за режим на низок
притисок.
► Сл.2: 1. Режим на низок притисок 2. Позиција
OFF (ИСКЛУЧЕНО) 3. Режим на висок
притисок
Функции на млазницата
НАПОМЕНА: Стандардните млазници варираат
во зависност од земјата. Исто така, погледнете
го и делот ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ за друг
млазници.
Цевка за прскање Vario-Power
► Сл.3
Притисокот на млазот може да се нагодува со
ротирање на млазницата.
ВНИМАНИЕ:
Кога го нагодувате
притисокот на млазот, не ротирајте ја
млазницата додека ја влечете кон пушката за
миење. Млазницата може да испадне од пушката
за миење и да предизвика телесна повреда.
Распрскувач за нечистотии
► Сл.4
Се исфрла спирален млаз. Соодветен за
отстранување закоравени нечистотии.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го распрскувачот
за нечистотии за чистење кршливи површини
како што се прозорци или шасии на
автомобилите.
Млазница за пена
► Сл.5
Детергентот може да се прска како пена.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hw1300

Table of Contents