Makita HW1200 Instruction Manual page 60

Hide thumbs Also See for HW1200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Внимавајте да не се спрепнете од кабелот
или цревото од апаратот за миење под
висок притисок. Секогаш имајте ја предвид
местоположбата на кабелот и цревото за
време на работењето.
6.
За време на користењето, мало количество
вода ќе истече од долниот дел на апаратот
за миење под висок притисок. Избегнувајте
поставување на апаратот за миење под
висок притисок на места што не сакате да се
наводенат.
Лична безбедност
1.
За да се заштитат од млазот и од објектите
исфрлени од млазот, операторите треба
да носат соодветна облека како што се
заштитни очила, заштитни ракавици,
заштитни шлемови со визири, заштита за
ушите итн.
Не користете го апаратот за миење под
2.
висок притисок во опсег на луѓе, освен ако
тие носат заштитна облека.
3.
За да се намали ризикот од повреда,
потребен е надзор кога производот се
користи во близина на деца.
4.
Водата што протекла низ уредот за
спречување повратен тек не е за пиење.
Електрична безбедност
Никогаш не користете го апаратот за миење
1.
под висок притисок на отворено додека
врне дожд.
2.
Никогаш не допирајте го приклучокот за
напојување и/или штекерот со мокри раце.
3.
Не користете ја машината ако кабелот
за напојување или важните делови
на машината се оштетени, на пр.
безбедносните уреди, цревата под висок
притисок или пушката за миење.
4.
Приклучокот мора да одговара на
штекерот. Никогаш и никако не менувајте
го електричниот приклучок. Не користете
електрични приклучоци-адаптери со
заземјени алати. Немодифицираниот
електричен приклучок и соодветниот штекер го
намалуваат ризикот од електричен удар.
Несоодветните продолжни кабли може да
5.
бидат опасни. Ако се користи продолжен
кабел, треба да биде соодветен за употреба
на отворено, а приклучокот мора да се
одржува сув и да не биде на земјата. Се
препорачува да се користи макара за кабли
за да се постигне ова, бидејќи таа го држи
штекерот најмалку 60 мм над земјата.
6.
Имајте го предвид следново при користење
продолжни кабли:
Користете само продолжни кабли што
се наменети за употреба на отворено.
Користете само продолжни кабли со
електричен напон еднаков или поголем
од оној на производот.
Не користете оштетени продолжни
кабли.
Проверувајте ги продолжните кабли
пред употреба и ако се оштетени,
заменете ги.
Не злоупотребувајте ги продолжните
кабли и не влечете ги за кабелот за да
ги исклучите.
Каблите треба да се држат подалеку од
топлина и остри рабови.
Секогаш исклучувајте го продолжниот
кабел од штекерот пред да го
исклучите производот од електричниот
кабел.
7.
Поврзувањето на електричното
напојување треба да го изврши
квалификуван електричар и треба да
биде во согласност со IEC 60364-1. Се
препорачува електричното напојување
за машинава да вклучува и заштитен
уред за диференцијална струја што ќе го
прекине напојувањето во случај струјата во
заземјувањето да надминува 30 mA за 30 ms
или уред што ќе го обезбеди заземјувањето.
Користење и грижа за електричниот алат
Прочитајте ги сите упатства пред да го
1.
користите производот.
2.
Треба да знаете како се сопира апаратот
за миење под висок притисок и како да ги
намалите притисоците набрзина. Треба да
сте запознаени темелно со контролите.
Млазовите под висок притисок може да
3.
бидат опасни ако се користат погрешно.
Млазот не смее да се насочува кон луѓе,
електрична опрема под напон или кон
самата машина.
Оваа машина не е наменета за употреба
4.
од лица (вклучувајќи деца) со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
5.
Децата треба да се под надзор за да се
осигури дека нема да си играат со уредот.
Не прскајте запаливи и/или токсични
6.
течности. Ова може да предизвика
експлозија, труење или да ја оштети
машината.
7.
Не насочувајте го млазот кон вас или кон
другите за да ја чистите облеката или
обувките.
Цревата, приклучоците и спојките под
8.
висок притисок се важни за безбедноста на
машината. Користете ги само оние црева,
приклучоци и спојки што ги препорачува
производителот.
Следете ги упатствата кога ги менувате
9.
додатоците.
10. Рачките треба да бидат суви, чисти и без
масло или маснотии.
11.
Бидете претпазливи – внимавајте што
правите.
12. Не ракувајте со производот кога сте
изморени или под влијание на алкохол или
лекови.
13. Не оставајте го апаратот за миење под
висок притисок да работи без вода подолго
од една минута. Ќе се оштети моторот и ќе
предизвика дефект.
60 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hw1300

Table of Contents