Makita DVC260 Instruction Manual page 41

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for DVC260:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од следниве
услови. Во некои услови, индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
повлекување прекумерно висока струја, тој
автоматски се исклучува без никаква индикација.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот е прегреан, автоматски запира. Оставете
алатот да се излади пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско ниво,
алатот автоматски се исклучува. Ако производот не
работи дури ни кога прекинувачите ќе се вклучат или
исклучат, извадете ги батериите од алатот и наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Положба на разводната кутија
Разводната кутија може да се закачи на двете
страни од долниот ремен. Поставете го кабелот, така
што разводната кутија да дојде од саканата страна.
За да спречите оштетување на кабелот, проврете го
низ куката како што е илустрирано.
► Сл.3: 1. Кука 2. Кабел
Нагодувачки ремени
Затегнатоста на прерамките, горните и долните
ремени може да се нагодува. Ставете ги рацете
прво низ прерамките, а потоа затегнете ги горниот
и долниот ремен. За да ги затегнете, повлечете го
крајот од каишот како што е илустрирано. За да ги
олабавите, повлечете го крајот од прицврстувачот.
41 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc260zxDvc260z

Table of Contents