Makita DDF484RFE Instruction Manual page 37

Hide thumbs Also See for DDF484RFE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Дупчење во дрво
Кога дупчите во дрво, најдобрите резултати се
добиваат со бургии за дрво опремени со водилка.
Водилката го олеснува дупчењето со тоа што ја
вовлекува бургијата за дупчење во работниот
материјал.
Дупчење во метал
За да спречите лизгање на бургијата за дупчење
кога започнувате со дупка, направете вдлабнување
со шило и чекан на местото каде што сакате да
дупчите. Поставете го врвот од бургијата за дупчење
во продупченото место и започнете со дупчење.
Кога дупчите во метал, користете средство за
подмачкување при сечење. Исклучок од тоа се
железо и месинг кои треба да се дупчат на суво.
ВНИМАНИЕ:
Притискањето силно врз
алатот нема да го забрза дупчењето. Всушност,
овој прекумерен притисок само ќе го оштети
врвот на бургијата за дупчење, ќе ги намали
перформансите на алатот и ќе го скрати неговиот
работен век.
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете го алатот и
внимателно напредувајте кога бургијата за
дупчење почнува да навлегува во материјалот.
Доаѓа до јака сила која делува врз алатот/
бургијата за дупчење при дупнувањето на дупката.
ВНИМАНИЕ:
Заглавената бургија
за дупчење може лесно да се извади со
поставување на прекинувачот за обратна
акција на обратна ротација за да се повлече
назад. Сепак, алатот може да отскокне наназад
нагло ако не го држите доволно цврсто.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш прицврстувајте ги
работните материјали на менгеме или сличен
уред за прицврстување.
ВНИМАНИЕ:
Ако алатот работи
континуирано додека батеријата не се
испразни, оставете го да се одмори 15 минути
пред да продолжите со свежа батерија.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Бургии за дупчење
Бургии за одвртување
Држач за бургија за одвртување
Кука
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
37 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ddf484Ddf484z

Table of Contents