Makita DCE090 Instruction Manual page 61

Cordless
Hide thumbs Also See for DCE090:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
По секоја употреба, отстранете ги касетата за
батеријата и тркалото, а потоа исчистете ги правот,
нечистотијата или металните струготини насобрани
во внатрешноста на штитникот за тркало. Чистете го
телото на алатот така што ќе ја бришете прашината
со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па
исцедена. Користете сува крпа за да ја избришете
нечистотијата од леќата на ламбата. Внимавајте
да не ја изгребете леќата на ламбата затоа што тоа
може да го намали осветлувањето.
► Сл.20: 1. Штитник за тркало 2. Леќа на ламбата
Чистење на отворот за
вентилација
Редовно чистете ги отворите за воздух на алатот или
секогаш кога ќе се извалкаат.
► Сл.21: 1. Отвор за вшмукување воздух 2. Отвор
за испуштање воздух
Менување на V-ременот
1.
Извадете ги касетата за батеријата и тркалото.
2.
Олабавете ги завртките со имбус-глава со
имбус-клуч и потоа извадете го капакот.
► Сл.22: 1. Завртка со имбус-глава 2. Капак
3.
Додека силно го виткате V-ременот така што
внатрешната страна е свртена нагоре како што е
прикажано на сликата, свртете ја надесно завртката
на макарата (голема) со окастиот клуч.
V-ременот ќе отстапува од линијата и ќе се извади
додека ја вртите завртката.
► Сл.23: 1. V-ремен 2. Макара (голема) 3. Окаст
клуч
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не вртете го окастиот
клуч во насока обратна од стрелките на
часовникот. Тоа може да ја разлабави
завртката на макарата (голема) и да резултира
со слаба изведба.
4.
Закачете го новиот V-ремен на макарата
(мала). Ставете го другиот крај од V-ременот на
макарата (голема) така што ќе биде делумно
прикачена на предниот дел од макарата. (Не треба
да го прикачувате V-ременот на сите шина на
макарата во оваа фаза). Потоа, свртете ја завртката
на макарата (голема) во насока на стрелките на
часовникот со имбус-клуч.
V-ременот ќе дојде на линијата додека ја вртите
завртката.
► Сл.24: 1. Макара (мала) 2. Макара (голема)
3. Окаст клуч
Осигурете се дека сите водилки на внатрешниот круг
од V-ременот одговараат на шините на макарите.
Сите шини на макарите мора да ги поддржуваат
водилките на V-ременот. Доколку има шина што не
ја поддржува водилката, V-ременот не е монтиран
правилно.
► Сл.25: 1. Шина на макарата 2. Водилка на
V-ременот
5.
Поставете го капакот на алатот и затегнете ги
завртките со имбус-глава со имбус-клуч.
► Сл.26: 1. Цевка 2. Капак 3. Завртка со
имбус-глава
ЗАБЕЛЕШКА:
осигурете се дека цевката за дополнување
вода е во позициите како што е прикажано на
сликата.
61 МАКЕДОНСКИ
Пред прикачување на капакот,

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents